Тонерите се есенцијален дел од мојата рутина за нега на кожа. Тонер нанесувам по чистење на лицето, а пред нанесување на серуми и креми. Улогата на тонерот е да помогне во дополнително отстранување на нечистотии и шминка кои што не сте успеале да ги отстраните во претходниот чекор на чистење на лицето, да ја балансира и корегира PH вредноста на кожата и да помогне полесна и подобра апсорпција на серумите и кремите кои што следуваат по негово нанесување.
Кога избирам тонери претпочитам да се без алкохол со цел да не придонесат до дополнително сушење на кожата. Тонер кој што го практикувам веќе подолго време, околу 5 месеци е тонеро на Purito Centella Green Level Calming toner. Purito од неодамна е достапен и на македонскиот пазар, поради тоа сакам да го споделам моето искуство со овој производ и бренд. Јас го нарачав од yesstyle.com но со оглед на укинатата испорака од овој сајт заради моменталната ситуација со корона вирусот за нашата земја, одлична алтернатива е тоа што сега овој корејски бренд е достапен и кај нас. Може да се најде во продавниците на https://bebehome.mk/ во Аеродром и City mall и на нивната веб страна (www.purito.mk)
За корејската нега е зборувано многу, можеби и ќе направам еден посебен пост во кој што ќе ги споделам сите чекори, голем дел од нив ги практикувам на секојдневна база и деифинитивно мојата кожа има осетено голема разлика и придобивки од оваа рутина. Да се навратиме на тонерот.

Purito Centella Green Level Calming toner
Purito Centella Green Level Calming toner доаѓа во шише со 200 мл. производ. Самата формула е предвидено на кожата да овозможи длабока хидратација и да ја балансира PH вредноста на кожата (± 5.5), има безбедни состојки за сите типови на кожа. Содржи 10% Centella Asiatica и хијалуронска киселина и пантенол кои помагаат на сувата и груба кожа, која страдала од оксидативен стрес, да ја смират и да и дадат длабинска нега и хидратација.
Може да се нанесе со туфер или со тапкање на мала количина на лицето со помош на дланките. Може да се комбинираат и двата чекори со тоа што прво со помош на туферот ќе се делува на текстурата на кожата и отстранувањето на нечистотиите, а после тоа со нанесување на тонерот со помош на дланките ќе се овозможи подлабока апсорпција на тонерот и дополнителна хидратација на кожата. Овој тонер може дури и да се користи за да си направите и вие маска дома, односно да потопите сува лист маска со мала количина од тонерот и да си направите домашна маска која што ќе понуди инстантна хидратација и смирувачки ефект на кожата. Неколку капки од тонерот може да се стават на сенка, бронзер или друг производ во камена форма кој што се разронил, со притискање на производот ќе изгледа како нов.
Овој тонер за мојата комбинирана кожа делува смирувачки и ми дава супер хидратација. Брзо и лесно се апсорбира во кожата. Нема претечна текстура како водичка, текстурата е помеѓу вода и серум. Одлично ја припрема кожата за понатомошните чекори во рутината и е одличен за секојдневна употреба, особено наутро дава прекрасно освежување и будење на кожата.
Дали и вие сте го пробале овој тонер или некои други производи од Purito? Што да биде следно на мојот список?
Xo, xo,
Бојана
