Bell HYPOAllergenic алое вера линија на производи | Blogmas day

Bell алое линија

Здраво дечки, денешниот пост посебно го обожавам, затоа што е посветен на една од поубавите линии на производи кои Bell Cosmetics ги има пласирано на пазарот. Станува збор за алое линијата чија главна состојка околу која се врти линијата е, погодивте, алое, хаха. Во рамки на колекцијата се вбројуваат производи како бб крема, коректор, камена пудра за сетирање, лабело и гел за поттикнување на раст на веѓи и трепки. Малтене во линијата ги имаме сите производи потребни за постигнување на еден секојдневен изглед каде се фокусираме на изедначување на тенот и на убава хидратација и измазнување на кожата. Па да започнеме.

Bell алое бб крема

Bell HYPOAllergenic Алое BB крема – SPF 15

Оваа бб крема нуди прекрасно изедначување на тенот, средна покривност, заштита од сонце и најважното, хипоалергена формула. Збогатен е со сок од лист од алое вера што допринесува до навлажнување, хидратација и подобрување на еластичноста на кожата. Има антиинфламаторни, подмладувачки и хранливи својства, па така користејќи ја оваа бб крема не само што го прикривате уморот и малите недостатоци, овозможувате и дополнителна нега и храна на кожата. Кремастата текстура на кремата придонесува таа лесно да се нанесува на кожата, убаво се впива и станува дел од неа. Лицето добива свеж изедначен тен, здрав сјај и убав изглед. Удобна е на кожа, не се чувствува тешка, не го масти дополнително лицето, иако сепак ако ја користат лица со масна/комбинирана кожа би препорачала сетирање за да се зголеми долготрајноста на носењето на бб кремата. Формулата е веганска и состои 83% состојки од природно потекло.

Најубаво и најлесно ја нанесувам со прсти. Ако користите сунѓерче моја препорака е тоа да не биде премногу влажно за да не упие голем дел од производот. Со четка може да се појават линии на лицето, па бидете претпазливи при изборот на четката. Ова е една од поубавите бб креми кои ги имам пробано до сега, ем дава свежина и еластичност на лицето, ем убаво прикрива. Доаѓа во шишенце со пумпица,  дозирањето е многу едноставно. Достапна е во 4 нијанси: 01 Cream, 02 Vanila, 03 Natural и 04 Honey. Јас ја имам во нијанса 03 Natural и соодветно одговара на мојот неутрален тен со жолт подтон. Ја имате мојата искрена препорака за неа. Можете да ја купите онлајн кај dekorativaklasik.mk и во Космо дрогериите. Достапна е и на други продажни места, слободно можете да пишете на инстаграм профилот на Декоратива класик или на Bell Cosmetics mk, со задоволство ќе ви одговорат каде се се достапни нивните производи. А ако сте како мене и се сакате да нарачувате онлајн, ќе ви оставам директен линк до бб кремата тука.

Bell алое течен коректор

Bell HypoAllergenic Алое течен коректор – SPF25

Мислам дека кога го видов овој коректор прво нешто што ми остави впечаток е високата заштита од сонце која ја има во формулата. Пределот под очите и те како има потреба од УВ заштита, а не сите СПФ креми можеме да ги нанесуваме на околуочното подрачје затоа што можат да предизвикаат солзење и печење. Така овој коректор има двојна функција, ем да ги прикрие темните кругови, ем да ја заштити кожата од штетните УВ зраци и од несакана појава на флеки и хиперпигментации. Има преубава кремаста текстура која овозможува солидна покривност и го хидрира пределот под очите. Кај масна и комбинирана кожа може да дојде до потреба за негово сетирање за да не се вовлече во ситните линии. Достапен е во две нијанси 01 Light и 02 Peach. Одличен коректор за секојдневна употреба кој убаво се комбинира и со бб крема, но и со останатите пудри во мојата колекција. За директен линк до коректорот клик тука.

Bell алое камена пудра

Bell HypoAllergenic Алое камена пудра со SPF 15

Оваа камена пудра е наменета за да ја фиксира кожата и да ја матира течната пудра. Благодарение на алоето во формулата, овозможува хидратантна нега на лицето. И овој производи нуди заштита од сончевите зраци па е одлично дополнување во дневната рутина. Има компактна големина, па можете лесно да ја носите и со вас за да ја поправате шминката во движење, не завзема воопшто простор во чантата. Има малку прашкеста текстура па мој совет е да внимавате при земањето на производ, да ја истресете малку четкичката или да го истапкате сунѓерчето, за да се ослободите од вишокот на производ. Секако, направете го тоа, доколку вашата желба е да добиете поприродна покривност и изглед на шминката. За директен линк до камената пудра клик тука.

Bell алое потхранувачки серум

Bell HypoAllergenic алое потхранувачки серум за трепки и веѓи

Овој серум за веѓи и трепки има проѕирна формула, која не само што го поттикнува растот на влакненцата, туку им дава и текстура и ги фиксира. Иако е наменет и за трепки и за веѓи мој совет е ако веќе го користите за трепки истата четка да не ја користите за веѓи, за да ја намалите можноста од несакана инфекција или иритација. Јас лично се одлучив да го користам за моите веѓи затоа што таму сакам да постигнам пополнување на некои дупки кои ги имам. Убаво ги расчешлува веѓите па може да се користи и во дневна варијанта, како гелче за фиксирање на веѓи. Во составот, покрај алоето е додаден и провитамин Б5, кој им го враќа природниот сјај на влакненцата и ги штити од разредување. Погоден е и за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритации. И овој како и сите други производи од алое линијата можете да ги најдете кај dekorativaklasik.mk За директен линк до серумот кликнете тука.

Bell алое балзам за усни

Bell HypoAllergenic Aloe балзам за усни со SPF 25

И дојдовме до последниот производ кој е дел од алое линијата на Bell. Станува збор за прекрасен балзам за усни, кој овозможува прекрасна хидратација и нега на усните. Дополнително остава преубава розеникава боја и сјај на усните, им дава нежно потенцирање, па резултатот е хидрирани усни и освежен лик. Голем плус е високиот заштитен фактор од СПФ 25. Формулата, покрај алое е збогатена со кокосово масло кое има хидратантно и хранливо дејство. Содржи и масло од семки од кајсија, богато со витамин А и витамин Е, кои имаат антиоксидантни и навлажнувачки својства. За директен линк до балзамот кликнете тука.

Се надевам дека ви се допадна постот и дека ќе се одлучите да пробате некој од производите од оваа линија затоа што се одлични.

Се дружиме повторно утре со уште еден блогмас пост.

Ве гушка,

Бокица

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top