The BlogMas Switch: 5 beauty резолуции за новата 2022 година | Blogmas day 16

Резолуција 2022

Драги мои, за прв пат од блогот на Бојана ве поздравува вашата Лори, авторката на блогот www.theloridiaries.mk и ви посакувам едно огромно добредојде во БлогМас ден 16!

Ми причинува огромна чест и задоволство да гостувам на денешниот блог пост насловен како "The BlogMas Switch". Дојдовме на идеја со Бојана да направиме една размена на БлогМас објави на еден ден, нешто слично како она што го прави Ванеса Хаџенс во филмот "The Princess Switch", па се надевам дека ќе уживате во оваа мала, слатка промена 😄.

Во денешната објава, ќе ви зборувам за резолуции, но не било какви туку beauty резолуции за претстојната година.

Новата 2022 година веќе ѕирка зад аголот и доаѓа она време кога сите ние почнуваме да си смислуваме резолуции кои сакаме да ги оствариме во новата година.

Сте чуле сигурно за онаа изрека "нова година, нова јас" итн. па во духот на резолуциите ви ги презентирам моите 5 beauty резолуции за следната година.

резолуција 1

Темелно да го чистам лицето

Што се однесува до новогодишните резолуции за нега на кожата, секој од нас знае дека длабинското чистењето на лицето е камен-темелник на една ноќна рутина за нега на кожата.

Сепак, морам да признаам дека задниве неколку месеци редовно ми се случува да заспијам навечер без да направам double cleansing на лицето, туку само ќе ја извадам шминката од лице со мицеларна вода и ќе си легнам.

Признавам, виновна сум и не можам вечно да се вадам на мојот премор и мрза 😂

Па така, во новата 2022 година, посакувам да бидам истрајна и да ги правам сите чекори од мојата рутина, без никакви исклучоци.

Резолуција 2

Да почнам со користење на СПФ

Леле Бојана кога ќе го прочита ова ќе ме убие 😄

Епа драги мои, да, така е, признавам дека не користам воопшто СПФ за лице, но би сакала да почнам со користење во новата година.

Овој месец сум во потрага по СПФ кој е наменет специјално за лице и кој нема да ми ја исфрла кожата на лицето, бидејќи да бидам искрена, доволно маки си имам со акните и без тоа.

Па доколку имате некои ваши предлози слободно пишете ми, многу ќе ми биде мило да чујам кои се вашите омилени СПФ креми.

Резолуција 3

Да го заменам течниот со обичен сапун

Течниот и сапунот во тврда форма се исто толку ефикасни кога станува збор за миење на рацете и ослободувањето од секакви бактерии.

Знаејќи го ова, зошто да не се префрлиме од течен сапун на оној во тврда форма?

Обичниот сапун е eco-friendly опција за вас и вашата околина. Тој доаѓа во хартиена или картонска амбалажа со што се избегнува користењето на дебелите пластични шишиња и цевки во кои обично се продава течниот сапун.

Па така, јас уште од овој месец веќе интензивно се префрлив на користење на мојот Dove bar сапун и сум апсолутно презадоволна!

Да не ви зборувам па колку истиот е поефикасен и помага во секојдневното чистење на разните сунѓери и четки за нанесување на шминка.

Резолуција 4

Да користам повеќе сенки за очи

Доколку не сте чуле сеуште колкав колекционер сум на палети со сенки за очи, еве сега ќе ви кажам.

Имам некаде околу 10 палети со сенки, купени уште во месец февруари оваа година кои буквално не се ни отворени и уште 20 други, отворени, но не доискористени до крај.

Сенките за очи ми се омилен makeup производ и обожавам да купувам лимитирани едиции на палети со сенки кои претставуваат како спомен на некоја посебна едиција која ми била при срце.

Во новата 2022 година, посакувам да има помалку Ковид и стрес, а повеќе забавни и убави моменти, во кои овие палети со сенки ќе допринесат во доразубавување на истите.

 

И за крај...

Резолуција 5

Да продолжам да си фурам бушави веѓи

За среќа, припаѓам на оние малкумина кои успееа во основно училиште да одолеат на трендот чупани, т.е. непостоечки веѓи, па така во текот на цел мој живот буквално не знам како изгледа тоа да чупаш веѓи.

Исто така, сум имала среќа да се родам со поприлично густи и уредни веѓи, па реално никогаш и не почувтсував потреба да им се посветувам нешто посебно.

Трендот на природни, бушави веѓи го обожавам! Сметам дека веѓите се рамка на нашето лице и треба да им се посветува посебно внимание.

Во новата 2022 година, планирам да си продолжам со користење на моите две омилени маскари за веѓи од Есенс и Бел Косметикс и да си го терам тој natural look тренд кој нема да си замине за многу брзо време.

 

Епа драги мои, се надевам уживавте во овој БлогМас Switch пост и ќе навратите од утре и на мојот блог да се дружиме заедно се до самиот крај на овој БлогМас предизвик.

 

До тогаш...

 

Поздрав.

 

Лори

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top