Производи кои помагаат во борбата со акни | Blogmas day 9

Борба со акни

Уште еден ден, уште еден нов блогмас пост. Денес ќе пишувам за производи кои ги користам секогаш кога се соочувам со појава на акни, со цел да ги смирам, побрзо да заздрават без да остават флеки и лузни на лицето. Па да започнеме...

Nacomi Niacinamide 15% серум за борба со акни

Производ бр. 1 - Nacomi Niacinamide 15%

Овој серум со ниацинамид 15% е одличен секојдневен серум, со лесна текстура која се упива убаво и брзо во кожата. Покрај ниацинамид во состав има и  комплекс од хијалуронска киселина, пантенол, глицерин и алое. Помага во регулирање на лачење на себум, спречува појава на црнки, ја измазнува и осветлува кожата и помага во намалување на хиперпигментации. Ја убрзува регенерацијата на кожата и придонесува до подобрување на општата состојба на кожата. Го купив од yeppeuda.mk. За директен линк клик тука.

Some by Mi Super Matcha Pore Clean Clay Mask против акни

Производ бр. 2 - Some By Mi Super Matcha Pore Clean Clay Mask

Оваа маска за лице ја нарачав во моментите кога мојата кожа се соочуваше со зголемена појава на акне/маскне. Имав читано за нејзините придобивки и се одлучив да ја пробам. Еефектите на заздравување на акните и прочистување на порите ги забележав брзо по неколку користења.  Има смирувачки состојки во составот како ЦИКА, вода од чајно дрво, БХА и Супер Мача. Мачата придонесува до подобрувањр на еластичноста на порите и до подобрување на текстурата на кожата. Оваа маска темелно ги чисти порите од нечистотии и себум, па кожата по нејзиното користење изгледа свежо, чисто и мазно. Сепак станува збор за глинена маска која знае малку да ја исуши кожата особено ако ја заборавите подолго на лице. Ја купив од elloxy.mk. За директен линк клик тука.

Isntree Green Tea toner

Производ бр. 3 - Isntree Green Tea Toner

Тонер за лице кој во состав има 80% екстракт од зелен чај, што го прави одличен антиоксидантен бустер кој ја ревитализира и смирува кожата. Помага во контролирањето на себумот, смирување на кожата и акните, го осветлува и освежува уморниот тен. Има многу освежителна и лесна водена текстура која веднаш се впива во кожата. Обожавам да го користам во утринската рутина затоа што ја буди кожата. Јас го купив од skinaholics.mk но веќе не е достапен за нарачка кај нив.

I'm From Mugwort Mask

Производ бр.4  - I'm From Mugwort Mask

Во оваа маска се заљубив уште при првото користење. Има така убаво разладувачко чувство кое на мојата осетлива кожа премногу и прија. Не се држи повеќе од 10 минути на кожата, а придобивките од неа се осеќаат ведна. Има богата геласта текстура која ја остава кожата хидрирана и мека по нејзиното користење. Придонесува до смирување на акни, воспаленија, иритации, црвенила. Ја подобрува нерамната текстура на кожата. Уживање е да се користи. Сега е и на празничен попуст кај skinaholics.mk. Директен линк ви оставам за да кликнете тука.

Nacomi Green Clay против акни

Производ бр.5  - Nacomi Green Clay mask

Зелената глина е позната по тоа што е одлична за користење кај кожа која е комбинирана и масна и која е склона кон појава на акни. Со пандемијата мислам дека сите се соочивме со појавата на акните. хаха.  Зелената глина го апсорбира вишокот на себум од кожата, ја чисти од сите нечистотии и токсини, прави нежна ексфолијација на мертвите клетки на кожата. Може да се користи на цело лице, само на региите кои се со акни и воспаленија, а може да се користи дури и за body acne, на грб и секаде каде што се соочувате со нив. Доаѓа во форма на прав, јас најчесто ја мешам со пантенол течност за да се формира паста која се нанесува на лицето. По некое време од 10-15 мин. се измива од кожата со млака вода. Јас ја купив од Yeppeuda.mk. И како што знаете до сега, директен линк до производот ви оставам тука.

Nacomi Salicyilic acid 2% против акни

Производ бр.6  - Nacomi Salicyilic acid 2%

Уште еден производ од Nacomi. Едноставно тешко одолевам на овој бренд, има супер цена, фина формулација на производите и многу слатко пакување. Конкретно формулацијата на овој серум ми е баш уникатна, салицилна киселна во 2%, активен јаглен и ниацинамид. Серумот вака формулиран е наемент за чистење на порите, смирување на акните и нивно спречување на појава на нови акни, како и спречување на формирање на флеки по заздравувањето на веќе постоечките акни. Црната боја која доаѓа од активниот јаглен во составот дава дополнителен шмек на серумот. Јас не сум се соочила со ситуација да не може убаво да се упие во кожата серумот и никогаш до сега не ми оставил црна трага на кожа. Сепак најдобро е сепак да си го нанесувате во вечерната рутина како што и впрочеме препорачано од производителот. Директен линк за производот ви оставам тука, а може да се најде кај yeppeuda.mk.

Gerovital Stop Acnee гел за чистење на лице против акни

Производ бр.7  - Gerovital Stop Acnee purifying foaming gel

Гел за чистење на лице кој е наменет за лица кои се соочуваат со појава на акни. Во составот има салицилна киселина која помага во длабински чистење на порите и во побрзо заздравување на акните. Многу е нежев на кожата, воопшто не ја суши и затегнува. Во гелот може да се забележат и нежни капсули со вит. Е кои ја негуваат и хидрираат кожата. Го купувам од Зегин аптеките.

Ајде дечки уште утре пост наменет за негата на кожата, па потоа ќе прошараме малку и со други теми.

Се читаме утре,

Ве гушка,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top