Skincare standouts – Хит производи за хидратација и нега за 2021|Blogmas day 3

Дојдовме и до ден 3 од БлогМас. Некако се држи темпо, тоа е добро, мотивацијата не опаѓа, само се зголемува со секој пост. Со оглед на тоа што постовите не ми се спремени однапред и ги пишувам ден за ден (знам повторно истата грешка од лани), адреналинот се одржува на ниво и се трудам се да објавам навремено. Има некоја убавина и во тоа, нели?

На пример постов го куцам, седната со фарба на коса во моето омилено маалско фризерско студио. Мора да се украде секој слободен момент од денот, хаха.

Него, ај јас да не должам многу и да си преминам на темата на денешниот пост –  хит производи за изминатата година за одржување на висока хидратација и нега на кожата. Ако за нешто внимавам во мојата рутина тоа е да користам производи кои ќе ја избалансираат мојата кожа, за да биде постојано хидрирана и нахранета. Особено затоа што во рутината имам вметнато ретинол и други активни состојки кои знаат кожата да ја направат осетлива и на моменти дехидрирана.

VeGreen nature mucin toner

Производ бр.1  – VeGreen Nature Mucin toner

Ова е најнов фаворит, ама некако ме освои од прва, затоа што навистина е прехидратантен и нежен за мојата кожа.  Има едноставна формулација која е соодветна зa осетлива кожа. Формулиран е со 67% на екстракт од корен од див јам кој е веганска варијанта за ефектот и придобивките од слузот од полжав. Дополнително е збогатен со 5 типови на хијалуронска киселина со различна молекуларна маса, глицерин, Пантенол и ЦИКА. Има малку погуста текстура која повеќе наликува на есенција отколку на тонер, поради тоа мала количина е сосема доволна за да се постигне посакуваното ниво на хидратација, а да се избегне несакана лепливост на кожата. Хидрира, негува, ја смирува и измазнува кожата. Одличен тонер за секојдневна употреба и тоа за сите типови на кожа.

iUnik rose water essence toner

Производ бр.2  – iUNIK Rose Galactomyces essential toner

Продолжуваме повторно со тонер кој се покажа одличен за мојата дехидрирана кожа, затоа што има моќни хидрирачки и навлажнувачки способности. Формулата се базира на 70% вода од роза. Збогатена е и со состојки како ферментиран филтрат од галактомицеи (Galactomyces) тип на квасец кој се користи при ферментација на оризово вино, богат со витамини, минерали и амино киселини. Делува на контрола на лачење на себум, оптичко намалување на изгледот на порите, лифтинг на кожата, изедначување на тен. Го нанесувам со тапкање на лицето. Има течна вискозна текстура која ја освежува кожата и и ја враќа изгубената хидратација. Можете да си го нарачате од Elloxy.mk. За директен линк клик тука.

Hada Lanbo hydrator gold

Производ бр.3  – Hada Labo Premium Lotion Intense 5x Hyaluronic acid Deep Hydrator

Пред да ја користам златната верзија на  Hada Labo хидраторот. ја користев црвената верзија која е со 3 типа на хијалуронска киселина. Ми се допаѓаше многу, но оваа златна верзија ми се допаѓа уште повеќе. Во составот има 5 типа на хијалуронска киселина кои успеваат да навлезат во најдлабоките слоеви во кожата и длабински да хидрираат. Благодарение на Lock-in moist технологијата водата се задржува внатре во кожата и ја одржува свежа и негувана со часови. Има текстура на серум, кој брзо се упива во кожата без да остави непријатно лепливо чувство како некои серуми кои се базираат на состојка како хијалуронска киселина. Навлажнувачкиот ефект се забележува веднаш по нанесувањето на серумот и се задржува. Пакувањето е од 150 мл, може често да се најде на попуст околу 800 ден. и вреди за секој денар. Секогаш гледа да го имам на залиха затоа што е серум кој лесно се комбинира со останати активни состојки. Можете да го нарачате  на torba.mk, atika.mk или да го купите од ДМ и Космо дрогериите.

BOJ repair serum

Производ бр.4  – Beauty of Joseon Repair serum – ginseng + snail mucin

Серумите на BOJ веќе ги споменав во првиот пост, но некако не ми даде срце да ги изоставам и тука, особено затоа што овој серум со женшен и слуз од полжав навистина е лесен, а многу хидратантен и негувачки. Помага во намалување на бори и фини линии, намалува хиперпигментација и избледува лузни. Дава антиоксидантна заштита на кожата и ја стимулираат нејзината регенерација. Можете да го нарачате од elloxy.mk. За директен линк клик тука.

Isntree HA Moist Cream

Производ бр. 5 – Isntree Hyaluronic acid Moist Cream

Уфф оваа крема кога ја пробав од тестер ме остави без зборови и знаев дека кога тогаш морав да ја имам. Формулирана е со 5 типа на хијалуронска киселина со ниска, средна и висока молекуларна маса. Дополнително е збогатена со масла и растителни екстракти кои дополнително делуваат на длабинска нега, смирување и обнова/регенерација на кожата. Ја штити кожата од исушување и и помага да го врати изгубениот вода/масло баланс. Јас ја користам како ноќна крема затоа што за мојата комбинирана кожа, како дневна крема би била премногу богата. Не3аменлива ми е особено во зимските месеци кога кожата посебно знае да дехидрира и да се исуши. Јас ја купив од Skinaholis.mk ама веќе не е достапна за нарачка кај нив. Сигурна сум дека можете да ја најдете кај другите платформи како iHerb кои продаваат корејска козметика.

I'm From Ginseng mask

Производ бр. 6  – I’m From Ginseng Mask

Оваа маска за лице мислам дека е една од најукатните кои ги поседувам, поради текстурата и затоплувачкиот ефект кој го дава. Како резултат на црвениот жен шен, при нанесувањето и масирањето на оваа маска на кожата се забележува топла термална сензација, како да ви има нанесено некој топла спа крпа на лицето. Имате веднаш чувство како да се отвораат порите и цела нечистотија од нив да излегува на површина. Всушност дел од намената на 0ваа маска е токму тоа, да ја прочисти кожата и да се ослободи од мртвиот површински слој на клетки на кожата. Помага и во полесна апсорпција на активните состојки во кожата. Со користењето на оваа маска се враќа енергијата на кожата, таа изгледа, сјајна, здрава, чиста и еластична. Маската се нанесува со масирање, при што се измива по 5 до 10 минути од масажата. Можете да си ја нарачате од skinaholics.mk. За директен линк клик тука.

Bell Hypoallergenic 2 phase serum

Производ бр. 7 – Bell HYPOallergenic Hydrating 2 phase serum

Не можев да не го споменам и овој прекрасен двофазен серум на Bell Cosmetics. Има одлична цена, лесен на кожа, одлично хидрира и ја измазнува кожата. Во состав има хијалуронска киселина, масло од кајсија и витамин Е. Има едноставна, но ефективна листа на состојки. Брзо се апсорбира при нанесување без да остава непријатно лепливо чувство. Соодветен е за користење кај сите типови на кожа. Вегански е и со 99% природни состојки. Можете да го купите од Космо дрогериите како и онлајн кај dekorativaklasik.mk. Ќе ви оставам и директен линк тука, затоа што сега е и на одличен попуст од 40%.

Кои се вашите омилени производи за длабинска нега и хидратација?

Се читаме утре.

Ве гушкам,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top