Skincare standouts – Хит производи за чистење на лице за 2021 | Blogmas day 2

Cleansing gare skincare standouts

Ден 2 од БлогМас е тука. Јас сум супер возбудена за сите постови, а се надевам дека возбудата е присутна и кај вас исто. Нема да должам многу, ќе продолжам веднаш со темата на блогмас ден 2 -  моите најкористени производи за чистење на лицето за 2021 година.

Мислам дека ништо нема да ја промени на подобро вашата рутина, како добар избор на производи за чистење на вашата кожа, наутро и навечер.

Ќе започнам со споделување на најкористените чистачи за лице на маслена основа.

Banila and Co skincare standout

Производ бр. 1  - Banila & Co. Original

Овој балзам за чистење на лицето со причина е еден од најспомнуваните на социјалните мрежи и еден од омилените на сите фанатици за нега на кожа. Има преубава текстура на балзам која во допир со топлината на дланките се претвора во маслена форма која совршено ја вади и најтврдокорната шминка како и сите нечистотии кои се насобрале во текот на денот. Велам во текот на денот, затоа што маслените чистачи се користат како прв чекор во ноќната рутина. Не ги иритира очите, по неговото користење кожата ја остава мека и нежна на допир. Производите на Banila  можете да ги нарачате од Yeppeuda.mk

The Gace Shop Rich Cleansing oil

Производ бр. 2 – THE FACE SHOP Rice Water Bright Rich Cleansing Oil

Ова масло за чистење на лицето е со богата текстура на чистење на лице, наменета за отстранување на шминка и на нечистотиите насобрани во текот на денот. Екстрактот од ориз, маслото од трици од ориз како и маслото од семе од киви го прават ова масло одлично за осветлување на кожата, нејзино хидрирање и регенерација. Се нанесува на суво лице, се додава малку вода за да се направи емулзификација и на крај се отстранува со млака вода. Кожата ја остава, мека, нежна и сјајна. Можете да го најдете кај Elloxy.mk. За директен линк клик тука.

Pynkang Yul foaming gel

Како втор чекор во ноќната рутина и прв чекор во утринската рутина се користи чистач кој е на водена база, кој може да биде во гел или пенаста форма. Тоа е еден од производите кои најмногу и трошам, а денес ќе ви ги споделам оние кои ги користев најмногу изминатата година.

Производ бр. 3 - PYUNKANG YUL Low pH Pore Deep Cleansing Foam 100ml

Оваа пена ме воодушеви. Имав пробано тестер од белата верзија од истиот бренд која за мојата кожа беше агресивна. Но, сепак се решив, по неколку добри препораки од лица на кои им верувам, да ја пробам оваа (сината верзија). И, не погрешив! Може да се најде во пакување од 100 мл. (какво што го имам и јас) и во мини верзија. Секогаш сакам кога од некој производ има и мини верзии затоа што знам дека ако имам некои дилеми во поглед на производот, ќе можам да го пробам во помала количина пред да се одлучам да инвестирам во full size – пакување. Станува збор за пена која е нежна за кожата, воопшто не ја суши и иритира кожата, а сепак по нејзиното користење се чувствува чиста и спремна за понатамошна нега. Погодна е и за користење кај осетлива кожа затоа што е базирана на природни состојки кои не ја нарушуваат бариерата на кожата и не ја иритираат. Можете да го најдете кај Elloxy.mk. За директен линк клик тука.

Revox Buzz cleanser

Производ бр. 4 – Revox Buzz Face Cleansing gel – Honey and Lemon

Станува збор за нежен гел за чистење на лице кој не ја суши и затегнува кожата. Благодарение на екстрактот од мед кој е богат со протеини и минерали помагаат во хидрирање и освежување на кожата. Екстрактот од лимон кој е богат со витамин Ц делува на осветлување на уморната кожа. Има одлична, достапна цена. Можете да го нарачате од торба.мк, atika.mk или пак да си го купите од ДМ и Космо дрогериите.

Tiam Snail and Azuelene cleanser

Производ бр. 5 – Tiam Snail and Azulene Low PH Cleanser

Овој производ ми е откритие за оваа 2021 година. ПХ балансиран, нежен за кожата, не ја суши, напротив ја омекнува и смирува. Сè се должи на преубавиот состав кој вклучува и екстракт од камилица и слуз од полжав кои ја омекнуваат, смируваат и хидрираат кожата. За овој зимски период во кој можеме да се соочиме со сушење на кожата како резултат на сувиот домашен воздух како и агресивните надворешни влијанија, овој чистач ми е избор бр.1. Соодветен е за нормална кожа, сува кожа, комбинирана кожа како и осетлива кожа. Овој чистач можете екслузивно да го најдете кај Yeppeuda.mk. За директен линк клик тука.

Celenes Thermal Foaming gel

Производ бр. 6  - Celenes Thermal Cleansing Foaming Gel

Овој пенлив гел за миење на лице е наменет за масна/комбинирана кожа. Постои и верзија која е наменета за сува и нормална кожа. Станува збор за чистач кој е совршен за секојдневно чистење и нега на кожата. Нежен чистач кој не ја суши и затегнува кожата, дава дополнителна смирувачка нега благодарение на зелениот чај, камилицата, екстрактот од краставица кои ги има во својот состав. Дополнително термалната вода, богата со минерали ја одржува влажноста на кожата и и го враќа изгубениот баланс. Овој гел за чистење на лице можете да го нарачате од sminka.mk За директен линк клик тука.

Кои беа вашите омилени чстачи за изминатата 2021 година? Баш би сакала да ги прочитам вашите фаворити и начините на кои ги користите.

Ве гушкам,

Бојана

Get on my Mirror

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top