Здраво дечки,
Мислев дека нема да дојде редот да го заживеам блогот, но некако имам чувство како да носталгичарите за блог ерата, како мене, би се вратиле на читање на блог, особено кога ќе им се понуди содржина која ќе биде корисна, едукативна, забавна и лесно достапна.
Па така, без многу размислување и план, седнав да го искуцам овој мој comeback пост на мојот блог. Како и секогаш, главните теми кои ќе бидат застапени ќе бидат секако негата на кожа и козметиката, со по некој додаток од мое секојдневие. Наречете го, мој мал дневник, хаха.
Основни чекори во една рутина за нега на кожа
Ајде да започнеме од основата. Наједноставно ќе биде ако ја поделиме рутината за нега на кожа на утринска и вечерна рутина, пред се затоа што различни состојки е препорачано да се нанесуваат во различни периоди во денот. Како на пример, најчесто препораките се витамин Ц да се нанесува наутро, ретинол навечер. Без разлика дали се работи за утринска или вечерна рутина, истата се состои од неколку основни чекори:
- Чистење на лицето (навечер двојно чистење на лицето)
- Тонер (може и без него, ама јас би го вметнала во рутината затоа што навистина прави разлика)
- Серум
- Крема (може и без неа ако се работи за утринска рутина и се нанесе СПФ крема која воедно ќе има и улога на хидратантна крема)
- СПФ (ако се работи за утринска рутина)
Следејќи ги овие неколку чекори, многу лесно и едноставно ќе можете да ја изградите вашата основна рутина за нега на кожа, за потоа постепено да ја надградувате со серуми со различни активни состојки (и за тоа ќе се едуцираме во некој од следните постови, ќе се обидам наједноставно што можам да ви споделам како јас ја градам мојата рутина и како вие да научите најуспешно да комбинирате две до три активни состојки во една рутина)
Двојно длабинско чистење на лицето
Чисто лице е основа за сите понатамошни чекори во рутината. Дури и ако нанесувате само една крема, без добро исчистено лице, секој труд понатаму во рутината паѓа во вода.
Тука особен акцент ќе дадам на вечерната рутина, која најчесто се состои од два чекори, односно двојно чистење на лицето.
Двојното чистење на лицето навистина прави разлика и се препорачува бидејќи помага да се постигне подлабоко и поефикасно отстранување на нечистотиите и шминката од кожата. Овој метод вклучува два чекора:
Прв чекор: Користење на маслен чистач (или балсам на маслена основа), кој ги раствора масните нечистотии како што се шминката, заштитниот крем од сонце, и себумот (природното масло на кожата). Маслото нежно ги отстранува овие остатоци без да ја оштети природната бариера на кожата.
Втор чекор: Користење на чистач на водена база (гел или пена), кој ги отстранува преостанатите нечистотии како што се прашина, пот и остатоци од претходното чистење.
Двојното чистење помага во подобро подготвување на кожата за понатамошната рутина за нега (тонер, серуми, креми), бидејќи чистата кожа подобро ги апсорбира производите. Ова особено е корисно за луѓето со масна или комбинирана кожа, како и за оние што редовно користат шминка или заштитни креми. Секако дека и при изборот на производите за чистење треба да се земе предвид и типот и состојбата на кожата, како и преференции на текстурата. Некој повеќе сака масла, некој претпочита балсами за чистење.
УТРИНСКА РУТИНА
Чистењето на кожата на лицето наутро треба да биде нежно и соодветно на типот на кожата, бидејќи утринското чистење има за цел да ги отстрани маслото, потта и нечистотиите кои се насобрале преку ноќ. Доколку имате чувство дека не сте се потеле многу во текот на ноќта, и едно плакнење на лицето со млака вода може да биде доволно, под услов претходната вечер темелно да сте го исчистиле лицето. При утринската рутина:
Користи благ чистач за лице и тоа:
- Ако имаш сув тип на кожа, бирај нежни, хидратантни чистачи на кремаста или гел основа кои не ја сушат кожата.
- Ако имаш масна или комбинирана кожа, користи пенливи чистачи или гелови кои помагаат да го отстранат вишокот на себум.
- За чувствителна кожа, избирај производи без парфеми и агресивни состојки, со смирувачки елементи како алое вера или CICA.
ПРЕПОРАКИ ПРИ ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО
Ладна или млака вода: Избегнувај топла вода бидејќи таа може да ја суши кожата и да предизвика иритација. Млаката вода е идеална за чистење без да се оштети кожната бариера.
Нежно нанесување: Масирај го чистачот со кружни движења за да ги отстраниш нечистотиите и потта, а потоа исплакни темелно. Во ночната рутина, со помош на маслениот чистач, направи си блага масажа, веднаш ќе осетиш подобро чувство на кожата.
Тапкај ја кожата за сушење: Наместо триење, нежно исуши го лицето со тапкање користејќи чист пешкир, за да се избегне иритација. Јас често ги користам и козметичките марамчиња за една употреба.
Предлог маслени чистачи за лице
BEAUTY OF JOSEON Ginseng Cleansing Oil
Маслен чистач кој како основа содржи 50% Глицин Соја која има лесни, но моќни својства за чистење, ефикасно ги отстранува нечистотиите, себумот и остатоците од шминка. Збогатено со масло од семе од женшен, овој маслен чистач дава суптилен, смирувачки мирис, трансформирајќи ја вашата рутина за нега на кожа во мирен ритуал.
EYENLIP Eggplant Pore Cleansing Oil 150ml
SOMEBYMI Propolis B5 Glow Barrier Calming Oil To Foam 120ml
Масло и пена – Два чекори за чистење одеднаш, еден производ за двојно чистење. По нанесување на сува кожа делува како маслен чистач. Со додавање на млака вода се претвора во богата пена и ефикасно ги остранува сите нечистотии од кожата. Темелно ги отстранува нечистотиите на порите, шминката само со едно чистење.
PYUNKANG YUL Deep Clear Cleasing Balm 100ml
Доаѓа како текстура слична на шербет која се претвора во свиленкасто масло при контакт со вода, овој моќен, но нежен, балсам за чистење на кожата веднаш ја отстранува нечистотијата, остатоците од шминката и нечистотиите од кожата и ја остава кожата свежа и ревитализирана. Дополнителните состојки, маслото од семе од зелен чај и други екстракти од растително потекло ја одржуваат кожата смирена, хидрирана и негувана.
THE FACE SHOP Cleansing Light Oil 150ml
THE FACE SHOP Cleansing Light Oil формулирано со екстракт од ориз и масло од јојоба, ова масло за чистење ефикасно ја отстранува тешката шминка, ги раствора нечистотиите од кожата и мртвите клетки во порите, со лесна текстура. Ова масло за длабоко чистење‚ осветлува‚ го подобрува тенот на кожата за посјаен изглед и здрава кожа, оставајќи ја кожата чиста, светла и освежена.
Предлог чистачи за лице на водена база
AXIS-Y Quinoa One-Step Balanced Gel Cleanser 180ml
Нежен чистач кој ефикасно ги остранува остатоците од шминка, нечистотиите и себумот насобрани во порите и истовремено ја хидрира кожата. Овој чистач на база на киноа и голем број на антиоксиданси и помага на кожата успешно да се справи со загадувањето, слободните радикали и сите останати стресори од животната средина. Содржи напредна технологија на природна ферментација која има антивоспалителни и смирувачки својства.
EYENLIP Ceramide Rice Cleansing Foam 100ml
Содржи природни компоненти како екстракт од аспергилус/ ферментиран ориз, кој помага во регенерација на кожата, одржување на чиста кожа преку чистење на текстурата, ја смирува и заштитува чувствителната кожа, мека кремаста пена која спречува иритација на кожата и овозможува хидратација. Екстрактот од ориз помага во регенерација на кожата, има длабоко хидратантен, хранлив и омекнувачки ефект.





