Производи за спас на уморна кожа и неизедначен тен | Blogmas day 4

Dull skin saviours

Денешната тема е уморната кожа и мој избор на производи кои ги користев изминатата 2021 година во моментите кога мојата кожа изгледала тмурно, уморно, безживотно. Најчесто тоа се производи кои во себе содржат активни состојки како киселини кои ќе помогнат да се отстрани површинскиот слој на мртви клетки кои допринесуваат до тој уморен изглед на кожата. Дополнително состојки како екстракт од ориз, оризова вода, ферментирани состојки, сладок корен, витамин Ц исто така можат да допринесат за осветлување на кожата. Пред да преминам на производите само ќе споделам неколку практични совети кои не треба да се занемарат за да ја избегнеме уморната кожа и несаканиот сив тен:

  1. Хидратацијата е клучна! И однадвор и одвнатре. Не заборавајте да пиете доволно вода и течности во текот на денот затоа што дневниот внес на вода директно влијае на квалитетот и изгледот на кожата. Дополнително не треба да заборавате на хидратнтна крема богата со хијалуронска киселина, церамиди, ЦИКА и растителни екстракти кои ќе придонесат до одржување на високото ниво на хидратација во текот на денот.
  2. Правете редовна ексфолијација на кожата. Под редовна мислам на два до три пати неделно, не повеќе за да не дојде до нарушување на кожната бариера и до иритација на кожата.
  3.  Вметнете антиоксидантни состојки во вашата рутина, како што се витамин Ц, нијацинамид, зелен чај, арбутин и други состојки кои ќе ја штитат кожата од слободните радикали и од штетните надворешни влијанија.
  4. Убаво исчистете ја кожата пред легнување од шминка и сите нечистотии кои се насобрале во текот на денот.
  5. Потрудете се да имате здрав сон.
  6. Никако не заборавајте да нанесете крема со заштитен фактор секогаш кога сте изложени на УВ зраци, а тоа е речиси секој ден од годината, односно секогаш кога го напуштате вашиот дом и излегувате надвор. Не само што ќе ве заштити од несакани кожни болести, ќе ја заштити и кожата од фотооштетување, создавање на флеки и неизедначен тен.

Ајде сега да преминеме на производите кои јас ги користам за да го одржам лицето сјајно и хидрирано. Да напоменам дека нема да се повторувам, сите производи кои беа спомнати во вчерашниот пост за длабинска нега и хидратација се потполно применливи и за оваа тема тука. Во денешниот пост ќе се задржам само на производи кои ги немам споменато до сега во БлогМас.

Transparent lab balancing peel toner

Производ бр. 1 - Transparent Lab Balancing Peel toner

Овој тонер е од шпанскиот бренд Transparent lab кој се наоѓа под капа на Niche Beauty Lab. Ме освои со едноставната, а ефективна и неиритирачка формула на тонер за хемиска ексфолијација. Во состав има комбинација на 4 киселини во следните проценти:

  • Гликолна киселина 5%
  • Салицилна киселина 2%
  • Млечна киселина 0.5%
  • Манделична киселина 0.5%

Збогатен со 10% вода од камилица, спречува несакани иритации и црвенила. Нема додаден мирис. Ефектот на мазна кожа се забележува уште при првото користење. Се нанесува на сува кожа, со цел да се спречат несакани иритации. Се користи еднаш до два пати неделно. Делува на подобрување на текстурата на кожата како и на добивање на изедначен, сјаен, здрав тен. Можете да го најдете кај torba.mk и atika.mk

 

I'M From Rice toner

Производ бр. 2 - I'm From Rice Toner

Верувам дека кај многумина кога ќе се спомене уморна кожа и неизедначен тен, веднаш ги асоцира на користење на производ кој во себе содржи екстракт од ориз, оризова вода, оризово млеко и сл. Rice toner-от од I'm From е еден од најдобрите кога станува збор производи кои се наменети за осветлување на кожата и за добивање на изедначен, здрав тен. Збогатен со 77,78% екстракт од ориз, нијацинамид и останати растителни екстракти, на кожата и дава интензивна хидратација, го освежува и осветлува тенот, помага во намалување на хиперпигментациите, го враќа балансот на кожата и ја прочистува. Дополнително придонесува до намалување на борите и фините линии. Има преубава млечна текстура која лизга на лицето и инстантно дава осветлен, освежен тен. Кај нас можете да си го нарачате кај Skinaholics.mk. Го имате достапен и фо мини верзија од 30 мл. и во full size верзија од 150 мл. За директен линк клик тука.

 

Acwell Licorice pH balancing cleansing toner

Производ бр. 3 - Acwell Licorice pH Balancing Cleansing toner

Друга состојка која асоцира на осветлување и изедначување на тен е слаткиот корен. Овој тонер содржи вода од сладок корен во високи концентрации, а во комбинација со екстрактот од божур, како природни осветлувачи - делуваат на осветлување и освежување на тенот на кожата. Со оптимална pH од 5.5 ја балансира кожата и го прави соодветен тонер за секојдневна употреба. Поради тоа што ја чисти кожата, помага и сите состојки од производте кои ги употребуваме во остатокот на нашата рутина за нега, побрзо и полесно да се апсорбираат во кожата. Убаво хидрира, не ја затега и суши кожата. Можете да го нарачате од Beautyhub.mk. За директен линк клик тука.

Nacomi white clay kaolin

Производ бр. 4 - Nacomi White Clay

Белата глина е одлична за нега на осетлива кожа, склона кон иритиации, алергии и појава на акни. Делува смирувачки на кожата. Дополнително придонесува до осветлување и изедначување на тенот, со што ја прави одлична за третирање на уморна масна/комбинирана кожа. Мала количина од глината се меша со вода или пантенол со цел да се добие текстура на паста која се нанесува на лицето. Се остава да делува 10 до 15 минити, зависно од дебелината на слојот во која е нанесена и се измива со млака вода.

Neogen Dermalogy Real Vita C serum

Производ бр. 5 - Neogen Dermalogy Real Vita C serum

Го потрошив до последна капка и искрено многу ми се погоди. Во состав има 12% Vita C - Acerola Plex и 10% Sodium Ascorbyl Phosphate - стабилизирана форма на витамин Ц. Дополнително е збогатен со витамински комплекс (витамин Е и витамин Б5) како и колаген и хијалуронска киселина. Го осветлува и изедначува тенот, избледува флеки и хиперпигментации, ја штити кожата од слободни радикали, ја враќа нејзината еластичност и здрав изглед. Не остава лепливо чувство, брзо се впива во кожата. Не ми предизвика никакви иритации при нејзиното користење. Имам пријателки кои споделија со мене дека не забележале никакви промени со користење на овој серум, но мене лично ми помогна многу во изедначување на тенот и во подобрување на оштата состојба на кожата. Кога престанав да го користам забележав колку ми недостасува во мојата рутина. Јас го купив од Скинахоликс, ама веќе не е достапен за продажба кај нив. Мислам дека сеуште можете да го најдете на рафтовите на ДМ дрогериите.

Purito Sea Bucthorn Vital 70 Cream

Производ бр. 5 - Purito Sea Buckthorn Vital 70 Cream

Денес баш го искористив и она малку што ми остана од оваа прекрасна крема на Purito, па дефинитивно заслужува да се вброи во оваа листа. Кремата се базира на 70% екстракт од бобинки од волчји трн, плод на витамински дрво, богат со витамин  Ц ( до 2000 мг.) како и витамини Е, Б1, Б2 и К. Оваа крема има прекрасна лесна геласта текстура. Наменета е за да го балансира и подобри тенот, да ја подобри текстурата на кожата, да и го врати сјајот и здравиот свеж изглед. Дополнително помага во избледување на флеки, дамки и пигментации. Во состав има и ниацинамид, јојоба, пантенол и останати состојки кои го прават овој крем незаменлив кога станува збор за изедначување на тен и враќање на еластичноста и младешкиот изглед на кожата. Јас го купив од Skinaholics.mk. За директен линк до производот клик тука.

Баш би сакала да прочитам кои се вашите омилени производи за користење кога се соочувате со уморен и неизедначен тен? Ве чекам со коментар тука или на мојот инстаграм профил.

Се читаме утре.

Ве сака,

Бокица.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top