Skincare standouts – Хит производи за 2021 | Blogmas day 1

Skincare Surprise hits 2021

Дечкиии,

Предизвикот и оваа година прифатен. Лани ми дојде спонтано идејата да направам блогмас, односно да споделувам постови секој ден во периодот од 1 до 24 декември. Постовите беа на различни теми, нега, шминка, омилени производи, предлог филмови, серии, мода и сл. Целта ми беше да постигнам некој континуитет во постирање и да се вратам на пишување на блогот. Годинава ве очекуваат повторно многу интересни теми, креативна содржина, дарувања и дружење. Ќе постирам и тука и на мојот инста профил, ако не ме следите таму, веднаш поправете ја грешката и клик follow на @getonmymirror_blog. 3...2....1....

Почнуваме!

Blogmas Revuele splash mask

Ден 1

Првиот пост од мојот блогмас е посветен на производите кои ме изненадиле со нивната ефикасност во изминатата 2021 година. Во следните 13 дена се вклучувам на предизвикот споделен од страна на @devsday и @goalstogetglowing каде во фокусот ќе ни биде негата на кожата и ќе ги споделуваме нашите впечатоци и предлози за производи за нега кои даваат решенија за различни состојби.

Производ бр.1  - Revuele Splash Mask

Кога ја прочитав темата за првиот ден, веднаш ми текна на Splash маската на Revuele, затоа што беше изненадување и љубов на прво користење.  Достапна е во повеќе варијанти, со АХА овошни киселини за блага ексфолијација и освежување на тен, со зелен чај и млечна киселина за осветлување на тен, подобрување на текстура и антиоксидантно дејство, како и со хијалуронска и гликолна киселина за хидратација и регенерација на кожата. Прво ја користев маската со овошни киселини, воодушевена од ефектот ја купив варијантата со зелен чај и ми се допадна уште повеќе. Она што ме освои од прва беше инстантната ефикасност и резултат на хидрирана, мазна кожа. Доаѓа во големо пакување од 200 мл, се користи до два пати неделно, затоа и ќе ви трае многу долго. Она што е интересно е дека не е типична маска на која сме навикнати, прво околу 20 секунди се тапка производот на лице, се додава малку вода и се продолжува со тапкање уште 20 секунди по што се измива од лицето. Има одлична цена, од срце препорачувам да ја пробате! Можете да ја најдете кај torba.mk, atika.mk и ДМ и Космо дрогериите.

Blogmas day 1 Tiam spot treatmen

Производ бр. 2  - Tiam Spot Treatment

За овој производ имам да кажам само едно големо WOW. Подобар третман за таргетирано третирање на акни (spot treatment) не постои. Ефикасноста е загарантирана. Составот се базира на 10% ниацинамид, 7% цинк, CICA и екстракт од чајно дрво. Се нанесува директно на акната или на регијата која се третира. Го користам и на поткожни и на веќе формирани акни, брзо ги созрева/суши, смирува, намалува црвенила и спречува да се појават флеки по нивното заздравување. Можете ексклузивно да го набавите од Yeppeuda.mk и тоа од нивната онлајн страница или пак од нивната нова физичка продавница која се наоѓа во  East Gate Mall. За директен линк клик тука.

Blogmas Tiam Vita B3 serum

Производ бр. 3 – Tiam Vita B3 Source serum

Мислам дека се забележува некоја шема тука, хаха. Дефинитивно годинава вложив доста средства и живци во борбата со акни која сеуште продолжува. Серум кој ме изненади и веднаш ја збогати мојата рутина е овој серум на Тиам. Можам слободно да кажам  дека и Tiam како бренд во мене буди доверба и големи очекувања кога станува збор за формулација и ефективност на производите, особено по овие пробани два хит производи од нив. Серумот е со 10% нијацинамид, 2% алфа арбутин и хијалуронска киселина. Благодарение на одличната комбинација на состојки делува на смирување и намалување на веќе постоечките акни, спречува појава на нови акни и спречува/лечи флеки од акни и хиперпигментација. За мене и мојата кожа се покажа како полн погодок. Можете ексклузивно да го набавите од Yeppeuda и тоа од нивната онлајн страница или пак од нивната нова физичка продавница која се наоѓа во  East Gate Mall. За директен линк клик тука.

Beauty of Joseon serums

Производ бр. 4 – Beauty of Joseon Green Tea + Panthenol serum

Оооо, да, голем голем хит за оваа 2021 ми се серумите на Beauty of Joseon, особено серумот со 76% екстракт од зелен чај и 2%  пантенол. Одличен серум кој ја смирува оштетената, чувствителна кожа, ја штити и ја одржува хидрирана, здрава и витална. Зелениот чај има антиоксидантни способности и заштитува од загадување и слободни радикали, контролира лачење на себум и спречува појава на акни и помага во нивно побрзо заздравување. Пантенолот пак ја враќа еластичноста на кожата и нејзиниот младешки здрав изглед. Нанесен на кожа се чувствува како мелем. Не остава масно непријатно лепливо чувство, убаво се упива, а сепак одлично хидрира и смирува. Шишенцето е компактно и практично, пипетата прецизна и лесна за употреба. Сите серуми на BOJ можете да ги најдете кај eloxy.mk

Purito Dermide Cica Barrier Sleeping pack

Производ бр. 5 - PURITO Dermide Cica Barrier Sleeping Pack

Хранлива ноќна маска која слободно може да се користи и како ноќна крема, особено кај кожа чија бариера е нарушена или пак и е потребна дополнителна хидратација. Формулирана е со состојки кои се идентични на кожата како хијалуронска киселина и церамиди, кои ја зајакнуваат бариерата на кожата и и овозможуваат да си го врати изгубениот баланс. Кремата содржи ЦИКА и нејзини деривати кои ја прават одлична за користење и кај осетлива кожа која е склона кон појава на акни. Има богата текстура која формира еден заштитен слој кој спречува кожата да ја изгуби водата во текот на ноќта. Оваа ноќна крема можете да си ја купите од skinaholics.mk  За директен линк клик тука.

Anew Pro Vita D cream

Производ бр. 6 – Avon Pro Vita D

Дефинитивен хит за ова лето ми беше оваа прекрасна крема во геласта форма на Авон со витамин Д. Дава инстантна хидратација на кожата, ја враќа во живот, ја освежува и ја прави да изгледа полна и здрава. Брзо се упива во кожата, затоа е и погодна за користење и кај масна кожа. Иако брзо упива, сепак го дава посакуваното ниво, и што е најважно чувство на хидрирана и мека кожа, без никаква затегнатост и непријатно чувство.

I'M From Honey Mask

Производ бр. 7 – I’m From Honey Mask

Луксуз во тегличка, мислам дека ова би бил најсоодветниот опис на медената култна маска на I’m From. Станува збор за измивачка маска која во својот состав содржи дури 46.44 гр. природен мед кој длабински ја хидрира и потхранува кожата. Оваа маска ја смирува и хидрира кожата, прави нејзина нежна ексфолијација и прочистување, ефективно отстранува комедони, делува антимикробно со што спрчува појава на акни и воспаленија. Може да се остави нанесена на кожата од 10 мин. до 1 час. Не само што нуди прекрасни придобивки за кожата, овозможува и релаксирачко спа искуство додека ја нанесуваме и користиме. Навистина вреди за секој денар и е дефинитивно маска која е уникатна како по текстура, така и по формулација и комбинација на состојки. Оваа крема кај нас е ексклузивно достапна за нарачка кај skinaholics.mk За директен линк клик тука.

Axisy-s Mugwort mask

Производ бр. 8 – AXIS-Y Mugwort Pore Clarifying Wash Off Pack

Кога сме веќе кај измивачки маски, оваа маска од Axisy, иако откриена во последното тромесечие од оваа година, за брзо време стана неизоставен дел од мојата рутина, и тоа поради неколку причини. Првата е екстрактот од Mugwort. Во оваа состојка се заљубив при користењето на есенцијата со Mugwort на I’m From и од тогаш, кога ќе ја здогледам во состав на производи, веднаш ме привлекуваат да ги испробам. Екстрактот од Mugwort тука е застапен во значајни 61% што од старт ми укажува на тоа дека станува збор за маска која одлично ќе ги намали и смири сите иритации, црвенила и воспаленија на кожата. Втора причина е тоа што се базира на нова напредна технологија Dermatic AC 3 која помага во справување со акните и подобрување на целокупниот имунитет на кожата со ферментирани екстракти од цедар и лисја од лотус. Трета причина е тоа што и покрај тоа што станува збор за глинена маска, воопшто не ја суши кожата и многу лесно се измива од лицето. Резултатот е смирена, хидрирана, измазнета и освежена кожа, со смирени и намалени акни (доколку се присутни, секако). Оваа маска кај нас е ексклузивно достапна за нарачка кај skinaholics.mk. За директен линк клик тука.

True Alchemy Cream Suspension Calamine

Производ бр. 9 – True Alchemy Cream Suspension Calamine 27%

Оваа крем суспензија со каламин е чудо во тегличка. Каламинот е розев минерал кој особено се користи кај кожа која е воспалена, иритирана, се соочува со чешање и црвенила. Каламинот брзо и помага на кожата да се регенерира и да ја подобри заштитната бариера особено на регијата која е погодена. Вообичаено ја нанесувам навечер само на регијата која ми е воспалена, најчесто од болни акни и маскне. Ги смирува преку ноќ и е навистина една крема која со сигурност ќе ви се најде во вашето skincare катче. Оваа крема можете да ја најдете кај Белина, и тоа онлајн и во нивните продавници во Капиштец и East Gate Mall. Можете да ја најдете и во ДМ и Космо дрогериите.

Кои се вашите изненадувања/хит производи за 2021 година? Оставете во коментар тука или на инста постот. Се читаме утре со нова тема.

Ве гушкам.

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top