Како маслата за лице и помагаат на вашата кожа? | Blogmas day 5

Масла за лице

Маслата за лице се одлични за сите оние коишто страдаат од повремена (најчесто поврзана со промена на сезони и временски услови) сува кожа или пак кај состојби на кожа којашто е постојано сува, дехидрирана или кожа којашто се перута. Особено е препорачливо да се вклучат во рутината кога ќе забележите дека и најбогатиот хранлив крем којшто го имате во колекцијата не ви ја овозможува потребната хидратација.

Наместо секогаш да бидете во потрага по нова крема, можете во рутината да додадете масло од кое што веднаш ќе забележите позитивна разлика. Вашата кожа ќе изгледа помазна, посјајна, поотпорна и поздрава.

Маслото вообичаено се нанесува како последен чекор од рутината, особено ако станува збор за богато масло. Ако е масло коешто е суво многу често го нанесувам и пред да ја нанесам ноќната крема. Велам ноќна, затоа што конкретно во мојата рутина, масла нанесувам само навечер, затоа што преку ден се трудам да го одржам себумот колку што е можно под контрола. Ако не знаете дали маслото треба да го нанесете пред или после кремата, секогаш одлична опција е маслото да го помешате со вашата крема, на тој начин ќе добиете богата хранлива текстура којашто лесно ќе лизга на вашата кожа.

Маслата се одлични оклузиви и помагаат во заклучување на хидратацијата и влагата во кожата. На маслата гледајте како на производи коишто одлично ќе ја дополнат вашата рутина, но нема да бидат замена за активните состојки коишто помагаат во регенерација на кожата (нијацинамид, ретиноли, пептиди) или пак замена за состојки коишто ја одржуваат хидратацијата на кожата (хијалуронска киселина и церамиди). Затоа и не се препорачува да се замени кремата со масло, туку да биде се користи како нејзин booster.

Кога ги внесувате маслата во вашата рутина внимавајте на есенцијалните масла. Иако знаат да пружат придобивки на кожата, истовремено се карактеризираат со висока можност за иритации па често се препорачува да се избегнуваат. Најчесто спомнувани есенцијални масла се: масло од лаванда, роза, зелен лимон, лимон, еукалиптус, јасмин, гераниум, портокал и сл.

Доколку имате кожа којашто се масти или е комбинирана, исто така може да ги вметне маслата во својата рутина. Не сите масла се тешки и оставаат лизгаво непријатно чувтсво на лицето, многу од нив се впиваат брзо и даваат чувстсво како да сте нанене серум. Се смета дема маслото од јојоба и грозје се одлични за користење кај овој тип на кожа.

За сува кожа се препорачува користење на масло од бадем и марула.

За кожа којашто е склона на појава на акни добро се покажало вметнувањето на масло од шипка и калинка во рутината.

Од ова може да видите дека за секој тип на кожа можете да најдете масло коешто ќе ви одговара. Само треба да направите истражување и со малку тестирање да видите кое од нив најмногу ќе се вклопи во вашата рутина.

Avon Distillery Purify oil

Avon Distillery Purify масло за лице

Во продолжение на кратко ќе Ви ги споделам моите впечатоци за маслото за лице на Avon Distillery Purify facial oil, коешто е едно од омилените во мојата рутина.

Ова масло е совршена мешавина од 95% масло од јојоба, витамин Е и фитол. Нема мирис. Текстурата е како на суво масло коешто веднаш се впива во кожата, без да ја остави масна и лизгава на допир. За мојата кожа се доволни 3 капки коишто ги нанесувам со тапкање на лицето. Ова масло е таков тип на масло што може да се користи и пред нанесувањето на кремата, но и да се помеша со кремата којашто ја користите. Јас вообичаено го нанесувам навечер, затоа што мојата кожа поубаво ги прима и апсорбира маслата во текот на ноќта, за ден ми се претешки за лицето. Јас имам комбинирана кожа којашто на моменти е дехидрирана, па ова масло совршено се вклопи во мојата рутина.

Јојобата е одлична за третирање на кожни состојби како акни, егзема и псоријаза. Јојобата негува и хидрира, има антибактериско дејство, помага во контролирање на себумот, некомедогено е, може да помогне во синтезата на колаген, да намали бори и фини линии и многу други примени. Не е ни чудо што ова масло толку ми прија во рутината.

 

Avon Distillery Purify face oil

Avon Distillery Purify масло за лице - меѓу топ 3 омилени масла за лице

Дали и вие користите масла во својата рутина и во кој чекор го вметнувате како производ? Кое е вашето омилено?

Ве гушкам,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top