iUnik Beta-Glucan Power Moisture Serum | Blogmas day 6

Iunik beta glucan moisture serum

Денес ќе ви пишувам за iUnik Beta-Glucan Power moisture serum.

Но, пред да ја споделам мојата рецензија за серумот да се запознаеме со тоа што се бета глукани и како тие помагаат во измазнување и зацврстување на кожата?

За разлика од хијалуронската киселина бета глуканите се помалку позната состојка кога станува збор за нега за кожа, но се почесто се појавува во составот на многу козметички производи. Кога станува збор за нега на кожа бета глуканите делуваат двострано, помагаат во смирување на иритации и делуваат како одлична состојка која што пополнува и намалува бори и фини линии. Го забрзуваат процесот на зараснување на рани. Одлични се и за осетлива кожа којашто е склона на појава на црвенила и воспаленија.

Бета глуканите се исто така богати со антиоксиданси коишто штитат од оксидативниот стрес којшто може да влијае на предвремено стареење на кожата. Антиоксидантите треба да бидат интегрален дел од нашата рутина со цел да го спречи оксидативниот стрес предизвикан од загадувањето и изложеноста на сончевите зраци на дневно ниво.

Во повеќе студии е докажано дека бета глуканите помагаат во одржување на хидратацијата на кожата и во спречување на трансепидермално губење на водата. На тој начин и овозможува на кожата да ја подобри својата еластичност и здрав изглед. Многумина ги споредуваат бета глуканите со хијалуронската киселина и се смета дека се новата “It” состојка во индустријата за нега на кожа.

Оваа состојка може да ја користат сите, без разлика на типот на кожа којашто ја имаат. Делува одлично на зајакнување на бариерата на кожата. Лесно се комбинира во рутина со други активни состојки.

Iunik Beta glucan serum

Iunik Beta-Glucan Power Moisture serum

iUnik Beta-Glucan Power Moisture serum – во состав има 98% чист бета глукан, којшто ја смирува и негува кожата, ја зајакнува бариерата и ја враќа хидратацијата на сувата и дехидрирана кожа. Воопшто не е леплив на кожата и многу брзо се апсорбира по нанесување. Нема мирис и боја. По негово нанесување кожата е мека на допир. Го користам скоро 2 месеци секојдневно во мојата ноќна рутина. Ми се допаѓа тоа што е едноставен лесен серум којшто можам лесно да го комбинирам со други активни состојки. Чувствувам дека и прија на мојата кожа којашто е особено дехидрирана последниве неколку месеци. Не е воопшто тежок на кожа, а дава пријатно хидрирано чувство веднаш по нанесување. Како што и објаснив погоре за бета глуканите овој серум е наменет пред се за хидрирање на кожата, за враќање на балансот, подобрување на бариерата и за смирување на иритираната кожа. Станува збор за универзален серум од којшто би имале придобивки сите типови на кожа. Ми се допаѓа и ќе продолжам да го користам во мојата рутина. Поради антиоксидантните способности може да се користи и во дневната рутина, иако јас за сега успешно го вклопив бо мојата ноќна рутина.

Дали сте го пробале овој производ? Дали ги имате внесено бета глуканите во вашата нега на кожа?

Овој производ може да се купи во продавницата на Олпео или од нивната е-продавница (директен линк до производот тука)

Ве гушкам,

Бојана

Iunik Beta glucan moisture serum

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top