BEST MAKEUP PRIMERS FOR 2019| Catrice, Aura,Tony Moly

2020 is already here and January is the perfect month for sharing the yearly favorites. New post, every day. I am starting with primers since they are the first step I take in my makeup application process. So let’s get started.

2020 е веќе тука, а јануари е совршениот месец за споделување на омилените производи користени во текот на изминатата 2019 година. Секој ден ќе следува нов пост, каде што ќе ги презентирам моите омилени производи. Започнувам со прајмери/бази за шминка, бидејќи тие се првиот чекор во мојата рутина кога станува збор за нанесување на секојдневна шминка.

egg pore tony moly
  1. Egg Pore Silky Smooth Balm – Tony Moly

I love this primer for minimizing the appearance of pores and smoothing out any imperfections on my face. It has a unique balmy texture with lovely citrusy scent. It is best to be applied topically, on areas that need most of the attention, like forehead, chicks and chin (t-zone) and all the places where you usually get oily throughout the day. It gives smooth finish on the skin. It keeps the skin matte for hours and it really prolongs the wear of makeup. You need only a pea size amount of this products because a little goes a long way. I don’t recommend using this primer on a daily basis because it may feel a little bit heavy on the skin and It may clog your pores, especially if you’re not double cleansing your face. This is hands down the best primer I have ever tried when it comes to pore minimizing and smoothing the face. You can find it in Sephora, Yesstyle.com, Beutybay.com and other retailers as well. It’s price is around 18 EUR.

Овој прајмер има интересна структура на густ балзам со карактеристичен цитрусен мирис на лимон. Намената му е токму тоа што го кажува и самото име на прајмерот, да го минимизира изгледот на порите и да ги измазни сите неправилности. Препорачувам да се нанесува на места каде што имате проширени пори, а тоа се најчесто челото, образите, брадата ( на кратко т-зоната на лицето). Навистина дава мазен и свиленкаст изглед на лицето. Го контролира лачењето на себум на кожата и ја држи кожата мат со часови. Многу мала количина е потребна да се нанесе, ако се претера може да се добие контра ефект, производот да почне да се рони на лицето. Поради густината на оваа база не препорачувам да се нанесува секој ден затоа што може да доведе до запушување на порите или пак да се осети тешко на лицето. Мислам дека до сега не сум пробала подобра база за пополнување на пори. По нанесување на пудра лицето изгледа порцелански мазно. Јас го купив од Sephora, но истиот можете да го нарачате и на Yesstyle.com и Beautybay.com. Цената е околу 18 евра, со оглед на количината која што ја добивате и малата количина на нанесување која што ви е потребна, цената е повеќе од одлична.

egg pore
aura t-zone primer
  1. AURA T-ZONE primer

This primer was a surprise for me this year. It has a green gel like texture that refreshes the skin and makes it appear smoother, hydrated and matte. After application, it does leave a tacky feeling on the skin which I don’t mind at all, because that tells me that the foundation that I am going to apply on my face afterwards, will stick to the skin perfectly. As the name suggests, it is best to apply it on the t-zone and on all the places that you feel tend to get oily throughout the day. Because of its mattifying purposes I don’t think that this is the ideal primer for dry skin. The green tint helps to neutralize redness. It contains hyaluronic acid and Vitamin E which is a huge plus too. It also prolongs the wear of makeup. I would definitely buy this primer again, it gets the job done and it is very affordable too.

Овој прајмер беше изненадување за 2019-та година. Има зелена геласта текстура која што ја освежува кожата и ја прави мазна, хидрирана и матирана. По нанесување остава мало лепливо чувство што ја прави идеална база за шминка. Како што и кажува самото име, се препорачува да се нанесува на т-зоната, односно на местата на коишто најмногу се мастите во текот на денот. Јас имам комбинирана кожа и го нанесувам на цело лице. Не сум сигурна дека би одговарал на лица со сув тип на кожа. Зелената боја го неутрализира евентуалното црвенило на лицето, не се плашете исчезнува веднаш по нанесувањето. Во составот има хијалуронска киселина и витамин Е што е дополнителен плус. Освен што ме држи мат во текот на целиот ден, имам чувство и дека го продолжува траењето на шминката. Сугурно би го купила повторно овој прајмер, има одличен ефект и супер цена.

  1. Catrice Ten!sational 10 in 1 Dream Primer

Now this is a primer I am enjoying a lot lately. I can definitely say that it is one of the best drugstore primers I have tried recently. It has a creamy beige texture that has a slight shimmer that gives a healthy glow to the skin. This all-in-one primer (as it says on the packaging) combines ten benefits in one product. The light texture perfectly preps the skin for make-up, has a soft-focus effect and smoothens out skin irregularities as a make-up base. Pores are visibly minimized and wrinkles are reduced. This dream primer also provides the skin with moisture and a natural glow. Thanks to the active ingredients and a sun protection factor of 15, also has an anti-pollution and anti-oxidant effect. What else could you ask for? I don’t know if it delivers all of the above, but I am sure in one thing, that it sits on my skin perfectly, gives me natural healthy glow, doesn’t irritate my skin nor clogs pores. I like wearing it underneath foundation, or on its own. It is a perfect base for a natural everyday makeup look, just add a little bit concealer and blush and you are ready to go.

Е ова е база во која уживам во последно време. Можам со сигурност да кажам дека е еден од најдобрите бази коишто сум ги пробала до сега. Има кремаста текстура во беж боја, можат да се забележат ситни светки кои и даваат здрав сјај на кожата. По нанесување бојата се губи, а останува само изгледот на хидрирана и здрава кожа. Оваа база за разлика од другите две бази е пред се хидратантна и мислам дека е наменета за сите типови на кожа. Содржи СПФ 15, што е дополнителен плус. Имам чувство како да дава филтер на кожата. Подеднакво убаво изгледа и под пудра, но и нанесена и само таа како подлога на лицето. Малку коректор и руменило и спремни сте за денот. Има пријатен мирис којшто брзо се губи по нанесувањето. Самото име кажува дека дава 10 бенефити на кожата со само еден производи. Претставува совршена база за шминка, хидрира, има функција против стареење, дава природен сјај, штити од загадување, има антиоксидантно дејство, го намалува изгледот на порите, го изедначува тенот, ги покрива несовршеностите и штити од УВ зраците. Соврешно звучи нели? Не знам колку ги исполнува сите овие ветувања, но знам дека мене одлично ми прија, не ми прави иритации на кожата, не ги затнува порите, идеален е за секој ден и ми дава природен сјај на лицето. Повеќе од ова не барам.

From left to right - Aura, Catrice, Tony Moly primer

1 Comment

  1. […] Today I am listing my favourite foundations of 2019. Yesterday I posted a blog post about my favourite primers, that you can read here. […]

    Reply

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top