Производи за смирување на кожата | Blogmas day 10

Производи за смирување на кожата

Хелоу дечки, добредојдовте во уште едно блогмас дружење. Знаам, знаам, може малку ви се смачи од споделување на моите skincare фаворити, ама уште овој пост го посветувам на предизвикот и после тоа паузираме малку со други теми. Сепак, мислам дека и овие постови би ви биле од голема корист затоа што е направена некоја категоризација при споделувањето, па полесно ќе можете и во иднина да се снајдете кога ќе имате потреба да пронајдете производи кои ќе третираат некоја од состојбите опишана во насловите. Јас имам осетлива кожа па затоа ми е многу важно при изборот на состојки секогаш да бирам производи кои ќе бидат нежни за мојата кожа и нема да бидат потенцијален ризик за иритации. Денес ви пишувам за производите кои ги користам секогаш кога чувствувам дека имам потреба од дополнително смирување и хидратација на кожата. So, let's begin.

I'M from Mugwort essence за смирување на кожа

Производ бр.1  -  I'm From Mugwort Essence

Оваа есенција во состав има само една состојка, 100% екстракт од Mugwort. Од старт тоа ви кажува дека за мојата осетлива кожа оваа есенција е измислена. Делува антивоспалително, ја смирува, освежува и лади кожата. Дополнително ја прочистува  и и го подобрува тенот и изгледот на кожата. Намалува црвенила, иритации, воспаленија и е одлична да се користи кај нормална, масна, комбинирана, осетлива и кожа склона кон појава на акни. Ја хидрира и навлажнува кожата. Можете да ја најдете кај skinaholics.mk. За директен линк клик тука.

iUnik Centellla Calming Gel Cream за смирување на кожа

Производ бр.2  -  iUnik Centella Calming gel cream

Оваа крема е инфузирана со 72% вода од лист од Centella Asiatica и 10% вода од лист од чајно дрво. Наменета е за смирување и прочистување на кожата. Ниацинамидот во составот пак придонесува до изедначување на тенот и до избледување на флеките и хиперпигментациите. Има прекрасна лесна геласта текстура која ја освежува и смирува кожата. Дополнително помага во намалување на воспаленијата и побрзо заздравување на акните. Одлична за примена кај осетлива, масна, комбинирана и кожа склона кон појава на акни. Можете да ја најдете кај elloxy.mk и beautyhub.mk.

Cos de Baha Centella gel cream за смирување на кожата

Производ бр.3  -  Cos de Baha CG Centella Gel Cream

Оваа крема иако ми е во колекцијата од неодамна, заслужуваше да биде во ова одбројување.  Уште кога станаа достапни како бренд кај beautyhub.mk, Cos de Baha ме освоија со нивните уникатни формулации и голем избор на производи со различни активни состојки. Со 81% ЦИКА екстракт, хијалуронска киселина, ниацинамид и алое помага во обновување и регенерација на кожата, нејзино смируување и заздравување доколку се соочува со некои иритации и воспаленија. Без додадени мириси, бои и алкохол, соодветна е за примена кај осетлива кожа, каква што е мојата. За директен линк до производот клик тука.

Mivolis Panthenol 7% Protection and Care Ointment

Производ бр.4  -  Mivolis Panthenol 7% Protection and Care Ointment

Пантенол крема е must have производ за секое домаќинство. Смиува воспаленија, иритации, омекнува сува кожа, смирува изгореници и многу други кожни состојби. Оваа на Mivolis особено ми се допаѓа затоа што во составот има и цинк кој помага во заздравување на кожата и во смирување на кожа која е склона кон појава на акни. Има одлична цена и може да се најде само во ДМ Македонија.

Pyunkang Yul Moisture Ampoule

Производ бр.5  -  Pyunkang Yul Moisture Ampoule

Кога ќе научите како да ја користите, оваа навлажнувачка ампула ќе ви стане омилен производ за освежување, враќање на хидратација и смирување на кожата. Во состав има 90% Coptis Japonica Root extratct, потентна состојка која ја смирува и хидрира кожата, особено масната и комбинирана кожа. Дополнително придонесува до намалено лачење на себум, со тоа и намалување на ризик од појава на нови акни на кожата. Овозможува освежен тен и мазна, сјајна кожа. Има густа леплива текстурам налик на мед, затоа е важно да се нанесе во точки на лицето, добро да се загреат дланките една од друга и со така загреани дланки да се тапка производот на кожата. Ќе формира прекрасен хидрирачки слој на кожата што ќе ја живне во моментот на нанесувањето. Ампулата можете да ја најдете кај Elloxy.mk и Beautyhub.mk.

Tiam Centella Blending powder за смирување на кожата

Производ бр.6  -  Tiam Centella Blending Powder

Centella Asiatica во прав форма. Супер начин оваа смирувачка состојка да ја додадете во сите ваши омилени тонери, есенции, серуми или креми. Знаеме дека оваа состојка ја смирува кожата, намалува црвенила, помага во избледување на лузни и е одлична состојка за општо подобрување на состојбата на кожата и нејзино смирување. Производот можете да го најдете кај yeppeuda.mk.

 

Се надевам дека и овој блогмас пост ви беше корисен и дека некој од производите ви го привлекоа вашето внимание.

Од утре веќе се одмараме малку од производи за нега. Можеме малку да свртиме и на шминка нели?

Имајте најубава петочна вечер. Мене HBO и новите епизоди на Сексот и градот не ми бегаат, хаха.

Се читаме утре,

ве сака ваша

Бокицааа

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top