Хелоу дечки, добредојдовте во уште едно блогмас дружење. Знаам, знаам, може малку ви се смачи од споделување на моите skincare фаворити, ама уште овој пост го посветувам на предизвикот и после тоа паузираме малку со други теми. Сепак, мислам дека и овие постови би ви биле од голема корист затоа што е направена некоја категоризација при споделувањето, па полесно ќе можете и во иднина да се снајдете кога ќе...
Purito Centella Green Level all in one mild pad | Blogmas day 10
Многу бев среќна кога на подарок ги добив овие тонер туфери од @skinaholics.mk затоа што одамна сакав да ги пробам ама никако не можев да најдам изговор зошто би ми требале во мојата рутина 🤣 Во пакувањето има 70 туфери односно 130 мл. производ. Еден туфер е доволен за една употреба. Во составот на тонерот има 10% ЦИКА (Centella Asiatica), бетаин салицилат (BHA), глицерин, содиум хијалуронат и др. корисни состојки што...
Purito Green Level Calming toner – улогата на тонер во рутината за нега на кожа
Тонерите се есенцијален дел од мојата рутина за нега на кожа. Тонер нанесувам по чистење на лицето, а пред нанесување на серуми и креми. Улогата на тонерот е да помогне во дополнително отстранување на нечистотии и шминка кои што не сте успеале да ги отстраните во претходниот чекор на чистење на лицето, да ја балансира и корегира PH вредноста на кожата и да помогне полесна и подобра апсорпција на...