REVUELE VEGAN & ORGANIC LINE – NIGHT CREAM AND NOURISHING SERUM

Revuele serum

Кога видов дека Revuele изглегле на пазарот со веганска и органска линија на производи пријатно се изненадив. Претходно немав користено ниеден серум од нивниот бренд, но кога ја видов оваа колекција знаев дека морам чекор по чекор цела да ја испробам. Денес ќе ви пишувам за производите за ноќна нега од оваа линија, односно за ноќната крема (Night Nourishment cream) и негувачкиот серум (Nourishing serum). Овие производи се базираат на неколку моќни состојки: масло од овес, масло од чиа и масло од пченични клици. Прво ќе започнам со серумот.

Revuele nourishing serum
Revuele nourishing serum

REVUELE NOURISHING VEGAN AND ORGANIC SERUM (30 ml.)

Станува збор за интензивен прихранувачки серум наменет за длабинско прихранување и хидратирање на кожата. Формулата е збогатена со голема колична на антиоксиданси од маслото од овес кои делуваат како најмоќен штит врз кожата (бариера) и ја штитат од надворешни загадувачи и УВ зраци, чиа масло – кое изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси со што делува смирувачки, прихранувачки и релаксирачки; масло од пченични клици кое изоболува со голема количина на витамин Е кој успешно ги неутрализира слободните радикали кои произлегуваат од надворешното загадување како и сончевите зраци.

Овој серум е како масло, 3-5 капки се доволни за да ја покријат регијата на лице и врат. Брзо се впива во кожата и не остава масен филм на кожата. Со оглед на тоа што мојата кожа е комбинирана, ова масло сакам да го користам навечер пред нанесување на кремата за ноќна нега. Но ако имате посува кожа можете слободно да го користите и во вашата дневна рутина, особено заради неговото антиоксидантно дејство. Јас сепак за дневната варијанта го претпочитам нивниот хидрирачки серум кој што има гел структура, но повеќе за него ќе пишувам во некој следен пост.

На пакувањето вели дека е соодветно за користење на чувствителна кожа. Особено ми се допаѓа тоа што формулата е без парфем. На слика ќе го претставам и составот на серумот со цел да можете подобро да се запознаете со поединечните состојки на истиот. За брзо време стана омилен дел од мојата ноќна рутина особено во комбинација со ноќната крема која што ќе ви ја преставам во продолжение на овој пост. Наутро кожата ја чувствувате свежа, мека, хидрирана и обновена.

REVUELE NOURISHING VEGAN AND ORGANIC SERUM

REVUELE NIGHT NOURISMENT CREAM VEGAN AND ORGANIC LINE

Станува збор за ноќен прихранучвачки крем за длабинско прихранување на кожата и одржување на хидробалансот на сите нивоа во кожата. Формулата е совршена комбинација од мала од овес, чиа и пченични клици кои формираат заштитна бариера на кожата за заштита од слободните радикали, загадувањето како и сончевите зраци. И оваа крема како и серумот инстантно се впива во кожата веднаш по нејзиното нанесување без да остави масни лепливи траги на површината на кожата. Преубаво го хидрира и измазнува лицето. До сега не сум почувствувала негативна реакција од користењето на серумот и кремата, не ги запушуваат порите, не ми предизвикале иритации и црвенила, напротив делуваат смирувачки на мојата кожа.

Revuele night cream
Revuele night cream
Revuele night cream

Во следните неколку реченици ќе споделам повеќе информации за секоја од состојките кои што се клучни за позитивните ефекти на прихранувачкиот серум и ноќниот крем:

  • Маслото од овес – ја негува и смирува кожата, благопријатно делува на сензитивна и оштетена кожа. Помага во подобрување на еластичноста на кожата. Богато е со витамини А, Е и Б, како и со калциум, цинк, железо и манган. Има антимикробно дејство. Одличен е за примена кај типови на кожа кои страдаат од егзема и за лица кои имаат екстремно сува кожа. Има висока апсорпциска моќ и не остава масен филм на кожата.
  • Масло од чиа – хидрира, ја зацрвстува бариерата на кожата, помага во намалување на бори, фини линии, ја прави кожата да изгледа мека и нежна. Богато е со омега-3 масни киселини.
  • Масло од пченични клици – дава инфузија на кожата со витамини А, Д и Б, антиоксиданти и масни киселини. Помага во регенерација на кожата, поддржува здраво создавање на колаген, штити од слободни радикали, на тој начин е голем сојузник во борбата против стареењето на кожата.

Ако сеуште не сте ги внеле овие состојки во вашата рутина за нега на кожа, сега имате причини плус зошто тоа да го направите што поскоро.

Овие производи ги купив онлајн на веб страната на torba.mk (тука), но исто така целата колекција е достапна и во ДМ дрогериите.

Дали сте ги пробале овие серуми?

Чувајте се и грижете за себе! Останете ми здрави до следниот пост!

Бојана

REVUELE NOURISHING VEGAN AND ORGANIC SERUM
Revuele night cream

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top