Coach за личен развој|Искуство, предизвици и како ми го промени животот

Coach title

You are capable beyond your imagination. All you need is a clear vision and a system to follow.

Кога отворив да прочитам која е Маја (сега мојот coach за личен развој) ме пречека реченицата со која и го започнувам овој блог пост наменет за моето искуство на работа со coach.

Го знаете она чувство кога знаете дека можете повеќе, дека во вас тлее потенцијал кој е неискористен, а сте заглавени и не знаете од каде да почнете. Со тоа чувство живеев последните неколку години. Посебно се нагласи таа емоција со моето влегување во триесетите години, каде веројатно моите замисли за тоа што сè ќе имам постигнато до овој период од животот не се поклопуваа со она што го живеев во моментот. Моментот кога станав родител мојата потреба да се реализирам себеси стана уште поголема. Сега имав уште еден поттик повеќе да почнам да работам на себе и да постанам онаа личност која ќе биде позитивниот пример за моето дете, ќе го учи на вистинските вредности и ќе остави печат во неговиот живот.

Енергијата на Маја (coach за личен развој и за родители на деца со посебни потреби) верувам дека ја привлеков во право време каде што мојот ментален склоп беше дотаму изграден за да биде способен да ги осознае и примени сите промени кои ми беа потребни во периодот кој следеше. Прв пат ја забележав на нејзиното Instagram Live гостување кај Катерина Љамова. Беше крајот на декември 2021 година, а темата на нивниот разговор беа методи и техники кои може да се применат при поставување на целите кои сакаме да ги оствариме во претстојната 2022 година. Таа зборуваше толку смирено, концизно, разбирливо што веднаш ме поттикна да започнам со планирање на годината. Ииии морам да признаам дека стратегиите веќе даваат резултати. Од тогаш станав редовен посетител на нејзините Coffee with Maya zoom дружења, каде се разговараше на најразлични теми кои не засегаат во секојдневието, меѓу кои како подобро да се организираме и управуваме со времето, кои навики и рутини да ги применуваме за продуктивен и искористен ден, препораки за книги, видеа и многу други корисни информации кои ги добивавме бесплатно на тие дружења. Од тука и мојата желба и љубопитност да видам како е да се работи со Маја еден на еден, си реков ако јас добивам толку голема вредност од нејзините групни дружења, индивидуалниот пристап би ми донел уште поголеми придобивки особено во овој период на промени со кои се соочувам. И така, по остварени 3 сесии на работа со coach го пишувам овој блог пост.

Coach 1 on 1

Најчестите причини поради кои лицата се одлучуваат да работат на својот личен развој со помош на coach се:

  • Да надминат некои негативни промени кои се случуваат во нивниот живот како развод, отказ од работа, губење на блиска личност во семејството, несреќа или други слични неочекувани промени
  • Градење на самодоверба
  • Промена на кариерен пат
  • Пронаоѓање на животната страст
  • Развивање на доследност при остварување на зацртаните цели (губење на телесна тежина, развивање на бизнис идеја и сл.)
  • Подобрување на организацијата и вештините за управување со време
  • Градење на подобри лични и деловни односи
  • Искоренување на изговорите и одложувањето
  • Искоренување на потребата постојано да се споредуваме со другите и да се чусвтвуваме неуспешни

На сесиите успеавме да поставиме цели кои ме мотивираат и возбудуваат како и акциски план за да ги остварам тие цели. На почетокот ќе ви изгледа чудно кога ќе забележите дека поголемиот дел од времето вие зборувате и давате одговори на прашања кои до крајот на сесијата ќе разберете дека всушност се поставени се поставени со цел да ја зголемат свесноста за дадените предизвици за кои се разговара. Со помош на различните методи и техники ќе се препознаат шаблони на однесување и навики кои доколку би се замениле со нови подобри навики, од ден во ден, ќе донесат позитивни промени. Едно е сигурно, ќе лупите слој по слој се додека не го осознаете потенцијалот кој го имате. Ќе поставите јасна визија за тоа што сакате да постигнете како и конкретен план како да го постигнете истото. Да не се лажеме, промените не се лесни, често се и неудобни. Егото ќе си го прави своето и ќе сака да си остане во својата комфор зона, но се е тоа дел од процесот кој со посветена работа за брзо се надминува.

Конкретно кај мене работевме многу на поставување на вистинските приоритети, препознавање и отстранување на крадците на време кои директно беа закана за остварување на моите цели. Станав свесна дека сум кралица на одолговлекувањето и изговорите, и тоа за работи за кои воочивме дека котираат високо на мојата листа на приоритети и си бараат малку повеќе работа на нив. Работевме на утринска и вечерна рутина, на емотивен прајминг, подобрување на менталниот склоп (мислите и уверувањата). Се запознав со концептот на NEED, WANT, LIKE и WISH листа, техника која многу помогна во приоритизирањето на моите цели и задачи. На последната сесија разговаравме за 6-те животни потреби и тоа:

  1. Сигурност и конфор
  2. Несигурност и разновидност
  3. Significance (Значајност, да ги користиме нашите таленти за да ги оствариме нашите, но и туѓите потреби)
  4. Љубов и поврзаност
  5. Раст
  6. Придонес и служење (ставање на твоите акции, дела и избори во служење на другите, она убаво чувство кога подаруваш, донираш и сл.)

Мислам дека веќе имате добра претстава за тоа што може да очекувате при една coaching сесија. Придобивките сметам дека се повеќе од очигледни, а и секогаш ако имате дилема можете да закажете бесплатен информативен разговор каде ќе можете да разговарате за сите ваши недоумици.

Линкот до страната на Маја Стојчевки ви го оставам тука.

За крај, сакам да ви го најавам и моето прво Instagram Live вклучување каде со Маја ќе разговараме токму на оваа тема за coaching. Четврток, 30.06, 19.00. Be there.

И не заборавајте, работата на себе и личниот развој е доживотен процес во кој треба да уживате и секогаш да ги предизвикувате своите развојни потенцијали, затоа што сè додека човек се менува и расте, тој живее.

Ве сака Бокица.

Останете ми во супер расположение до следното наше блог дружење.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top