Топ 10 апликации коишто ги користам на мојот телефон | Blogmas day 8

apps

1. Canva

Денес ви ги споделувам најчесто користените апликации на мојот мобилен телефон.

Прва апликација којашто во последен период ја користам речиси секојдневно е Canva. Станува збор за алатка за графички дизајн којашто е наменета за лица коишто се почетници или немаат никакви предзнаења за графичкиот дизајн. Оваа алатка е наменета за креирање на креативни дизајни наменети за споделување на социјалните мрежи, брошури, покани, флаери, логоа и сл. Многу е лесна и интуитивна за работа. На корисниците им дава на располагање бројни темплејти коишто можат да ги искористат за полесно креирање на креативни маркетинг решенија. До алатката може да се пристапи преку веб платформа на www.canva.com, а исто така е достапна и апликација на којашто можете да ги уредувате вашите дизајни. Има и бесплатна и платена верзија. Во бесплатната верзија ги имате речиси сите опции коишто ви се потребни за создавање на убави креативни решенија. Јас ја користам платената про верзија затоа што оваа алатка ја користам и за бизнис цели, каде што со помош на про верзијата ми е овозможено да работам во тим и да закажувам и планирам споделување на постови. Canva користам со години и ми се допаѓа тоа што постојано додаваат нови опции, функционалности, шаблони, слики, стикери и сл. Достапна е и за Андроид и ИОС корисниците.

Canva

2. PicsArt

PicsArt користам за уредување на моите слики. Оваа апликација има слична функционалност на Photoshop и ви дава неограничен број на можности со коишто можете да ја изразите вашата креативност. Од наједноставни уредувања како мали промени на осветлувањето, бојата, сатурацијата до бришење на позадини, додавање на ефекти, маски, стикери и сл. Мислев дека постои само апликација, но сега кога седнав да го пишувам постов истражив и видов дека доколку сакате имате можност сликите да ги уредувате и на вашиот компјутер преку веб платформа иако со она малку што прочепкав сега, мислам дека тука функционалностите се малку ограничени. На интернет имате бројни туторијали и видеа од коишто можете да црпите идеи за интересни едити на вашите слики. PicsArt имаат и свој You tube канал на којшто имаат кратки видео туторијали во коишто ги објаснуваат бројните функции коишто ги даваат на располагање на корисниците. Во оваа апликација често ги средувам и моите Instagram Stories и колажите. Јас ја имам платената верзија затоа што сакав на располагање да ги имам сите опции, филтери, сликички, стикери и сл. Но, верувајте дека и во бесплатната верзија имате можност за квалитетно да ги уредите вашите слики.

Picsart

3. InShot

InShot е апликација којашто ја користам за монтажа на видеата. Ми се допаѓа затоа што е многу лесна за работа дури и за оние коишто никогаш не се сретнале со видео монтажа претходно (како мене на пример). Овозможува да го кратите/сечете вашето видео, да ја менувате брзината, да додавате звучни и видео ефекти, да ја менувате светлината, бојата, тонот, сатурацијата, да додавате филтри, музика, транзиции и сл. И тука има опција за бесплатна и платена верзија. Јас ја имам платената верзија. Мислам дека се решив да ја купам затоа што ми требаа во моментот ефектите и транзициите коишто беа достапни само во платената верзија, плус во бесплатната верзија мораше да стои InShot watermark на видеото што за мене не беше опција.

inshot

4. Udemy

Udemy претставува една од најголемите платформи за онлајн едукација. На неа можете да најдете огромен број на курсеви на најразлични теми. Верувајте, што и да е ваше поле на интерес, сигурна сум дека ќе го најдете во форма на курс на оваа платформа. Блогот го креирав со помош на курс за WordPress од Udemy, логото го креирав сама со помош на курс за Illustrator итн. Цените на курсевите се различни, но многу често Udemy организира промотивни периоди каде што курсевите може да се купат по значително намалени цени од околу 10 долари. Супер е фактот што имате доживотен пристап до курсевите. Многу често креаторите ги обновуваат курсевите со сите новини од областа којашто ја покриваат со цел да бидете секогаш во тек со актуелностите од темата којашто била од ваше поле на интерес. Курсевите можете да ги следите преку нивната веб платформа или преку нивната апликација. Апликацијата е одлична затоа што дава можност да ги симнете лекциите за да можете да ги следите офлајн. На тој начин не сте врзани секогаш да имате интернет пристап или пак да го трошите вашиот мобилен интернет.

Udemy

5. Netflix

Зошто Netflix ми е една од најкористените апликации мислам дека не треба многу објаснување хаха. Го обожавам моментот дека преку апликацијата има можност да се симнат сериите/филмовите/програмите и да се гледаат офлајн, што е многу исплатливо особено кога сум на пат.

netflix

6. Podcast Player

На подкасти се навлеков последните две години. Најчесто слушам подкасти за маркетинг, бизнис, но и за личен развој. Овој блогмас со сигурност ќе направам пост за моите омилени подкасти коишто ги следам, а ова е апликацијата на којашто истите ги слушам.

podcast player

7. Feelin My Skin

Оваа апликација е за сите skin care фанатици како мене. Ја користам од неодамна и многу ми се допаѓа нејзината функционалност. Во неа ја запишувам мојата дневна и ноќна рутина, кои производи ги користам, како сум го чувствувала лицето од секоја од нив и слично.  Нешто како дневник за вашата нега за кожа. Има супер опции и вреди да ја разгледате.

feelinmyskin

8. Lose weight in 30 days

Оваа апликација за вежбање до сега ми се покажала како најефективна кога станува збор за вежбање во домашни услови. Да бидам искрена одамна ја немам користено (хаха) ама сакав да ви ја споделам затоа што е дефинитивно вредна за спомнување ако сакате да започнете со вежбање дома, а не знаете од каде да почнете. Имате различни нивоа на интензитет на вежби, вие си го одресувате степенот на спремност и добивате 3о-дневен план на вежби.

loose weight in 30 days

9. Baby Mozart

Одлична апликација за сите вас со мали бебиња по дома. Има убав избор на приспивни песни во класична изведба, Ведран ги обожава и навистина му помагаат да се смири и полесно да заспие навечер.

Baby Mozart

10. NLB Македонија мобилна апликација

Благодарение на оваа апликација секогаш имам увид во моите финансии. Имам активирано електронско банкарство па гледам се што може да се заврши со плаќање по електронски пат, да го завршам на тој начин.

Тоа би биле моите најкористени апликации периодов. Кои се вашите?

Споделете ми во коментар.

Ве гушкам,

Бојана

Nlb

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top