Зелен чај во вашата рутина за нега | BIO:Vegane Organic green tea line

Bio:Vegane organic green tea collection

Зелен чај во вашата рутина за нега - позитивни користи

Зелениот чај е одлична состојка која што можете да ја внесете во производите за нега на вашата кожа од неколку причини: има антиоксидантно, антиинфламаторно и антибактериско дејство, ја штити кожата од предвремено стареење и од УВ штетните зраци, ги прочистува порите и го регулира лачењето на себум. Допринесува до изглед на млада кожа со тоа што го успорува процесот на стареење. Го намалува црвенилото кај лицата со розацеа.

На тестирање одреден период имав три производи од Bio:Vegane SKIN FOOD линијата со органски зелен чај (во оваа комбинација може да се најдат во Cosmo Tinex за околу 1500 ден.). Во следните неколку реченици ќе Ви ги пренесам моите впечатоци за нив. Она што е заедничко за сите производи е тоа што во својот состав имаат super food состојки како екстракти од органски зелен чај, сладок корен, гинко и маслиново масло.

  • Зелениот чај има смирувачко, заштитно и антиоксидантно дејство. Ја смирува кожата, намалува црвенило и го стимулира природниот процес на заздравување на кожата.
  • Органски екстракт од сладок корен смирува кожни иритации и спречува воспалителни процеси
  • Екстракт од органско гинко – стимулира микроциркулација и метаболички процеси на кожата, ја прави да изгледа сјајна и свежа. Дополнително поттикнува процеси на регенерација на кожата.
  • Маслиново масло – содржи високо ниво на витамин Е, ја подобрува еластичноста на кожата.
Bio:Vegane Organic green tea cleansing foam

Bio:Vegane Organic Green tea cleansing foam

Прва на листа е пената за чистење на лице, која што во овој пакет доаѓа во 100 ml. пакување. Наменет е за осетлива кожа. Дава ефект на длабинско чистење. Ја смирува иритирината и осетлива кожа, нежно ја остранува шминката и останатите нечистотии од кожата. По нејзиното користење лицето е нежно, меко и хидрирано. 100% веган и cruelty free. Мој фаворит!

Bio:Vegane Organic Green tea sheet mask

Bio:Vegane Green Tea sheet mask

Втор производ е Green tea sheet маската која што е наменета за осетлива кожа, ја зацврстува заштитната функција на кожата, намалува црвенило. Натопена е со серум кој е комбинација од состојките наведени погоре. Се остава на лицето да делува 15 мин., остатокот од серумот се вмасирува во кожата. По користење лицето изгледа освежено и хидрирано. Без парабени, парафини, минерални маска и силикови, 100% веган и cruelty free.

Bio:Vegane Organic Green tea 24H Care

Bio:Vegane Organic Green Tea 24H Care

Трет производ е кремата за кожа со екстракт од зелен чај која што е предвидено да овозможи 24 часовна хидратација на кожата. Од сите 3 производи овој го имам користено најмалку затоа што во мојата рутина за нега ротирам повеќе различни производи меѓу кои и овој.  Точно е дека ја смирува кожата, по нанесување брзо се впива во кожата, не остава масен филм, а хидрира. Има мирис на билки, ми требаше некој период да се навикнам на мирисот. Ќе продолжам да го користам и понатаму за да можам да креирам конечен заклучок. Она што можам за почеток да кажам е дека до сега ми нема предизвикано никакви иритации на кожата.

Bio:Vegane Organic Green Tea

Дали вие имате користено некој од овие производи или пак производи базирани на зелен чај? Споделете ги вашите искуства во коментар подолу.

Xo Xo,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top