Водич за новогодишни подароци 2022 | Blogmas day 21

Водич за подароци

Здраво дечки,

Иако мислам дека малку доцна доаѓа овој пост, сепак ако му треба на некој last minute идеја за новогодишни подароци, можеби овој пост ќе му помогне. Во рамки на профилите/продавниците кои ќе ги споделам имате понуда на различни производи од различен ценовен ранг, така да ќе гледам да опфатам што повеќе категории.

Satin dreams Водич за подароци

1. Satin_dreams.mk

Ако ме следите подолго време на инстаграм знаете дека сум заљубена во производите кои ги нуди инстаграм профилот @satin-dreams.mk. Станува збор за мал бизнис на една млада девојка која изработува навлаки, наметки, маски од сатен и свилен сатен. Во нејзината понуда може да се најдат и комплети пижами изработени од сатен. За квалитетот на материјалите и изработката потпишувам со две раце, ги користам скоро една година и по бројни перења и сушења во сушара (да добро прочитавте, сушара хаха) изгледаат одлично. За придобивките од спиење на сатенска навлака ќе зборувам во некој следен пост, но да знаете дека ги има, пред се за поубава и поздрава кожа и коса. Ако го посетите профилот таму со сигурност ќе прочитате за дел од нив. Има преубав избор на бои, така да сигурна сум дека ќе го направите правилниот избор.

Марта Попа Водич за подароци

2. M Art Gallery

Накит обожавам, а рачно изработените, уникатни парчиња ми се слабост. Од неодамна го открив профилот на @martapopa и сум воодушевена од уникатноста, креативноста и прекрасниот дизајн на накитот кој го креира од стакло. Имате прекрасен избор на алки, обетки, ланчиња и прстени, верувам дека кога ќе го разгледате профилот нема да останете рамнодушни особено ако посакувате statement парчиња накит. Јас имам 3 алки и планирам наскоро колекцијата да ја збогатам со некое ланче и обетки. Цените се соодветни на квалитетот што го добивате, се движат од 800 ден. па нагоре. Слободно пишете и на нејзиниот инстаграм профил, верувајте љубезно ќе ви одговори на сите ваши прашања. Ако сте повеќе желни за онлајн шопинг, дел од нејзиниот накит можете да го најдете кај urma.mk, а ако често го посетувате 4UAccessories во понудата можете да ги сретнете нејзините алки.

Kreacija Jewlery

3. Kreacija Jewlery

Еве ме мене повторно со накитот, ама не можам да не ја спомнам и креативноста на Надица која стои зад брендот Kreacija Jewlery. На инстаграм можете да ја најдете како @kreacijajewelry и верувам дека ќе се воодушевите од уникатните модели на ланчиња кои ги изработува. И нејзините парчиња накит можете да ги најдете во концептуалната онлајн продавница urma.mk

Esnaf.eu водич за подароци

4. Esnaf.eu

Ахх е тука тек ќе се изгубите. Еснаф @esnaf_eu е онлајн продавница (линк тука) која има и физичка локација која можете да ја посетите, ако не сте по онлајн шопингот. Производите кои се продаваат се дела на различни креативци и се рачна изработка. Можете да најдете сè што ќе ви падне на памет, од уметнички слики, до лампиони, вазни, украси за дома, накит и многу многу други уникатни производи од различен ценовен ранг за сечиј џеб. На тој начин ем ќе поддржите некој наш уметник, ем ќе ги израдите вашите пријатели со уникатен производ.

Urma.mk

5. Urma,mk

Сличен концепт има и концептуалната онлајн продавница urma.mk. На едно место можете да најдете козметика, алатки за убавина, накит, облека, производи за деца и бебиња, секое парче внимателно одбрано и заслужено да биде дел од нивната понуда. Ќе издвојам тука неколку производи, но би посооветувала да им ја отворите страната за да видите во детали што сè се нуди. Директен линк до продавницата тука.

Јас сум обожавателка на алатки за убавини па овие Ice Globes масажери за лице ми се супер идеја за подарок, особено за сите кои мака мачат со подуеност и отоци на лице.

Elloxy.mk

6. Elloxy.mk

Иако станува збор само за продавница која продава козметика, во рамки на нивната понуда можат да се најдат многи сетови по намалени цени за различни намени и типови на кожа. Јас ви го предлагам овој сет на Pyunkang Yul, затоа што за 600 ден. добивате одлична можност да ги пробате нивниот култен essence toner во пакување од 100ml, како и nutrition cream и foaming cleanser, сите пробани и со заслужено место во мојата рутина. Составот им е одличен и лесно вклоплив во рутината на сите типови на кожа. Покрај овој секако дека можете да најдете и други сетови секако во различни ценовни рангови.

Skinaholics.mk

7. Skinaholics.mk

Кај skinaholics.mk можете да најдете прекрасен избор на корејска козметика особено од моите омилени брендови I’m From и Axis-y. Би го издвоила сетот маски на Axis-y како и лист маските од истиот бренд. Супер момент е дека актуелни се празничните попусти па сите производи можете да ги најдете по намалена цена.

Yeppeuda.mk

8. Yeppeuda.mk

Љубител на козметика не може да не ги спомене уникатните Mistery Secret Santa Boxes кои можете да ги најдете кај yeppeuda.mk. Во нив се кријат производи наменети да третираат различни состојби на кожата. Вие не знаете кои производи ги добивате, едно е сигурно, избрани се соодветно на потребите на кожата за која се наменети и се дел од нивните најпродавани производи. Има можност да се одбере од неколку големини кои доаѓаат со различни цени, со цел да бидат подостапни за поголем број на потрошувачи со различен буџет.

Dreamyevents.mk

9. Dreamyevents.mk

Многу сакам креативни и рачно изработени лампиони. Девојката која ги изработува ја познавам и знам дека секое лампионче е  направено со многу труд и љубов и со сигурност ќе ви донесе убава празнична енергија во домот. Тука ви оставам линк од нејзиниот инстаграм профил.

MM Toys

10. MM Toys MK

Лани сите подароци за најмалите од нашето друштво ги купив од mmtoys.mk. Имаат преубав избор на дрвени играчки кои се често мојот прв избор за играчки. Денес ми излезе дека до крај на месецот со код novagod22 добивате 20% попуст на секоја нарачка, што е супер промоција. Ви оставам директен линк од страната.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top