Овој пост е посветен на сите ситници и детали коишто ми ги прават зимските денови поминати во домашна атмосфера топли и удобни. Кога помислувам на зима, помислувам на меко удобно ќебе, топло какао сервирано во мојата омилена празнично декорирана чаша, запалена свеќа на салонската масичка и Netflix пуштен на телевизорот. Сите овие детали придонесуваат за, како што би кажале "енглези" - warm and cozy feeling. Се потрудив за секој winter home essential да најдам пример на производ којшто е достапен да се купи кај нас и тоа онлајн (онлајн шопинг ми е најдобар пријател со години, но годинава со пандемијата сме посебно неразделни).
1. Крзнена патека за во бања
Дали и вие сакате да го започнете денот со топол туш наутро, пред да појадувате? Нема подобро чувство од излегувањето од туш во бањарка и да згазите на мека топла патека којашто ќе ви ги гали вашите стапала? Многи експлицитно објаснето знам, but you get the point. Во зима сакам се што е крзнено, меко и топло, па зошто да не биде таква и патеката за во бања нели? Кај mitra.mk забележав дека во понуда имаат преубава крзнена патека и тоа сега е на попуст, за директен линк клик тука.

2. Мека наметка (пењоар)
Втора асоцијација на зима и ладни месеци ми е мојата топла мека наметка т.н. пењоар или бадемантил. Во неа можам да се ушушкам секој ден, од утро до вечер! Го обожавам удобното чувство и топлина што ми ја дава. Можете да ги најдете во различни бои и дезени, подебели, потенки, какви и да посакате и замислите. Кога седнав да го пишувам постов истражив каде може да се нарачаат онлајн и наидов на интересен избор од Bonatti (линк до страна тука). Исто така убав избор има и во Бомико. Во една посета на Mega Fashion видов дека имаат неколку наметки во понудата од Oysho коишто беа преубави и изгледаа преудобно.

3. Крзнено топло ќебе
Зима, надвор вее снег, температурите паѓаат, а ти си дома ушушкан во најмекото, најтоплото ќебе што постои и имаш чувтсво дека никој не ти може ништо. Ако го начекаш во зимски и празнични мотиви добиваш бонус уживање. Светилките си трепкаат, елката ти чува грб, а ти со книгата во раце пробуваш да ја заборавиш и последната нервоза којашто можеби ти ја донел денот. Кај Mitra.mk има преубав избор на меки крзнени ќебенца коишто се во најразлични бои и дезени. (линк тука)

4. Крзнени чизмички/топлинки
Го загреавме телото, време е да ги загрееме стапалата. Мислам дека нема кој од нас еднаш во животот не купил крзнени меки чизмички за по дома. Не само што греат туку и даваат чувство како да газиш на облачиња. Bonatti имаат убава понуда на вакви чизмички коишто можете да ги нарачате онлајн (линк до производ тука)

5. Миризливи свеќи
Миризливи свеќи палам преку целата година, но во зима имаат посебна улога во креирањето на таа удобна, топла атмосфера во домот. Сега е време да ги распалиме свеќите со мирис на колаче и цимет, цел дом да мириса на Божиќ и љубов. Има нешто посебно во таа пригушена светлина, чаша добро црвено вино и Аца Лукас (хаха, нормално дека се шалам за Аца Лукас, а ако ви одговара на вајбот не се мешам, you do you). Омилените свеќи коишто ги купувам кај нас може да се најдат во Електрометал и Хубо, шишенцето е слично на Yankee Candle свеќите само помала верзија. Пред недела дена купив и преслатки свеќи коишто се наше македонско производство, името на брендот е The Scent Corner, а тука можете да најдете директен линк до нивната инстаграм страна каде што можете да ги разгледате и да си нарачате. Исто така ми фатија око миризливите свеќи коишто ги забележав кај mitra.mk, линк до производ тука.

6. Уникатна шоља за кафе/чај со зимски елементи
Секогаш сакам да имам уникатни шољи за кафе/чај. Пиењето кафе за мене е ритуал и заслужува да биде сервирано во најубавите чаши. На страната нa tehnopolis.mk имате голем избор на прибори за домаќинство, разгледувајќи низ нетов ја пронајдов оваа кул новогодишна шоља за кафе, директен линк до неа можете да најдете тука. Морам да споделам линк и од моите омилени чаши за кафе коишто се со двојно дно.

7. Milk frother/French Press
Топлите напитоци во зима особено ги сакам. Ако сакате да пиете кафе со пена како од кафуле тогаш на вас ви треба Milk frother. Кога сакам да постигнам густа кремаста пена за моето кафе истата ја правам со помош на преса за кафе/чај. Таква преса можете да најдете на страната на Технополис (директен линк до производ тука). Пресата првенствено е наменета за правење на кафе/чај, но со подолго пумпање на пресата на топло млеко се прави прекрасна густа пена за кафе. Ако сакате да погледнете видео за тоа како да направите супер пена со помош на преса, кликнете тука.

Кои детали вас ве потсетуваат на удобни зимски денови поминати во домашна атмосфера и во кругот на најблиските?
п.с. Споделив многу линкови од различни онлајн продавници, но содржината споделена не е спонзорирана. Едноставно сакав за секоја точка да споделам примери на производи коишто се достапни да се купат кај нас.
Ве гушкам,
Бојана