Негата на телото во зима е осobeно важна затоа што кожата има тенденција да ни биде посува. Лесните и освежителни лосиони коишто ги користиме во летните месеци ги заменуваме со богати хранливи млека за тело. Таков производ е и путерот за тело на Revuele од Hemp Me! линијата.
Карактеристично за цела Hemp Me! линија е тоа што сите производи во состав имаат екстракт од коноп или ладно цедено масло од коноп. Маслото од коноп има антиинфламаторно дејство, овозможува нега и хидратација на кожата. Богато е со есенцијални масни киселини и антиоксиданси. Ја зацврстува бариерата на кожата и помага во нејзина обнова.

Моето искуство со користење на Revuele HempMe! Body butter
Овој путер за тело во состав има ладно цедено масло од коноп, шеа путер, масло од кокос и пчелин восок. Иако звучи како богата и тешка формула, текстурата е преубава, лесно се нанесува на кожата. Навикната сум со путерите за тело да бидат потешки за нанесување и подолго време да се чувствуваат на површината на кожата. Со овој путер за тело не е таков случајот затоа што веднаш кога ќе дојде во контакт со топлината на кожата, се претвора во лесна емулзија којашто се впива во кожата набрзо по нанесување. Потоа кожата се чувствува мека и нежна на допир, а сепак нема масен тежок филм на нејзината површина. Затоа можете да се облечете веднаш по нанесување без да се грижите дека ќе ја исфлекате облеката или пак дека ќе ви се залепи на вашата кожа. Богатата формула помага во подобрување на еластичноста и цврстината на кожата, ги хидрира сувите делови и ја прави мека и нежна на изглед и допир. Има преубав хербален мирис којшто не е премногу јак. Ако го имате серумот, кремата или маската за лице, мирисот е ист и на овој производ.

Опис на состојките на Revuele HempMe! путерот за тело
- Ладно цедено масло од коноп - содржи висока концентрација на есенцијални масни киселини коишто помагаат во обнова на бариерата на кожата;
- Шеа путер - содржи висока концентрација на масни киселини и витамини, ја омекнува кожата. Има антивоспалителни и исцелителни способности. Ја смирува, негува и тонира кожата;
- Масло од кокос - ја хидрира кожата, помага во побрзо зараснување на раните, намалува воспаленија;
- Пчелин восок - креира заштитен слој на кожата, служи како хумектант, што значи дека ја привлекува водата во кожата. Исто така е природен ексфолијант кој помага во отстранување на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата;
Дали сте го пробале и вие овој путер за тело? Кои се вашите омилени лосиони и креми за тело коишто ги користите во зима?
П.С. Јас го добив на тестирање од torba.mk, каде што и можете да го купите. Директен линк до производот тука.
Ве гушкам,
Бојана