Многу бев среќна кога на подарок ги добив овие тонер туфери од @skinaholics.mk затоа што одамна сакав да ги пробам ама никако не можев да најдам изговор зошто би ми требале во мојата рутина 🤣
Во пакувањето има 70 туфери односно 130 мл. производ. Еден туфер е доволен за една употреба.
Во составот на тонерот има 10% ЦИКА (Centella Asiatica), бетаин салицилат (BHA), глицерин, содиум хијалуронат и др. корисни состојки што го прави тонер којшто е погоден за секојдневно користење. ЦИКА-та ја смирува кожата, а бетаин салицилатот помага во чистење на порите и контрола на лачење на себумот. Туферите се направени од мек памук, едната страна е мазна, а другата страна е со мали испакнатини коишто се наменети да направат блага ексфолијација на површинскиот слој на мртви клетки од кожата. Иако на почеток кога помислував на пилинг туфери ги замислував како груби агресивни памукчиња, искуството со овие туфери беше целосна спротивност. Убаво и еднакво се натопени во течноста/тонерот, доста се тенки па во пакувањето е вметнато и мало пластично штипче/пинцета којашто ви помага полесно и похигиенски да го извадите туферот.
Како јас ги користам?
Лицето прво го чистам со гел чистач (или двојно чистење ако станува збор за ноќна рутина) па го поминувам со овој туфер. Помага во целосно отстранување на сите нечистотии и лицето го остава хидрирано, сјајно и меко на допир. Одлично е и за освежување и чистење на лицето после тренинг со цел да ја отстраните потта и нечистотиите коишто се јавиле како резултат на вежбањето. Јас ги користам најчесто во вечерната рутина. После нив нанесувам уште еден слој на хидратантен тонер или есенција (иако некогаш не ми е неопходен тој слој). Сега се и на супер попуст кај @skinaholics.mk па затоа и сакав што поскоро да ја споделам рецензијава, во случај да сте се мислеле полесно и побрзо да ве одлучам. За директен линк до производот кликнете тука.
Дали и вие имате користено пилинг туфери до сега и на кој начин ги имате вметнато во вашата рутина?
Ве гушкам,
Бојана
