Boddy’s pharmacy Multiple Oil Night Repair serum – Niche Beauty Lab

Boddys pgarmacy night repail oil

Периодов во домашна изолација го користам максимално за да тестирам нови производи и рутини на нега на кожата. Употребата на ова ноќно масло беше еден од моите ново испробани производи периодов од кој што сум задоволна. Сеуште ги користам краток временски период, но сепак сакав да ги пренесам моите први впечатоци.

Boddys night oil repar serum

Станува збор за Boddy’s pharmacy Multiple Oil Night Repair serum кој што сега е дел од Niche Beauty lab групацијата. Станува збор за шпански производител кој што во својот ранг на производи има голем број на иновативни формули и серуми кои што таргетираат различни проблеми и предизвици во негата на кожа. Одамна сакав да вклучам ново масло во мојата рутина, па кога го здогледав ова масло на страната на torba.mk ( линк до страна тука) знаев дека ќе биде следно за пробување. Супер е што имаат и достава до дома, па овој период каде што се трудиме максимално да го ограничиме нашето движење и да го поминуваме најголемиот дел од времето дома, онлајн нарачувањето стана дел од моето секојдневие.

Ова масло е наменето да се употребува како дел од вечерната рутина занега на кожа. На амбалажата е нагласено дека е наменето за сите типови на кожа. Станува збор за комбинација од бесценети масла: скволен и маска од: баобаб, бразилски орев, сладок бадем, шипка и арган. Претставува неверојатно моќен антиоксиданс, бидејќи изобилува со Витамин е. Она што можам да потврдам е дека одлично ја хидрира, смирува и релаксира кожата после напоред и стресен ден како шти е и наведено на самата опаковка. Околу 3 до 4 капки се доволни да се нанесат на целото лице. Маслото брзо се впива во кожата и не остава непријатно лепливо чувство. Се препорачува да се користи како подлога пред ноќната рутина за нега на кожата. Наведено е дека успешно се справува со првите мимични бори, но и со поизразените бори исто така.

Ова е листата на состојки на серумот:

Glycine Soya (Soybean) Oil, Caprylic/Capric Triglyceride, Argania Spinosa Kernel Oil, Rosa Rubiginosa Seed Oil, Prunus Amygdalus Dulcis Oil (Sweet Almon Oil), Squalene, Bertholletia Exelsea Seed Oil, Helianthius Annuus (Sunflower) Seed Oil, Adansonia Digitata Seed Extract, Squalane, Tocopheryl Acetate, Tocopherol, BETA-Sitosterol.

Со цел да имате предвид како секој од овие масла делува на кожата во продолжение ќе напишам некои основни намени на овие масла како дел од нега на кожа и зошто имаат благопријатно дејство заедно во комбинација.

  • Масло од соја: Се добива од амино киселини од соја зрна, кои што се богати со протеини, минерали и витамини, особено со витамин Е. Најчесто се користи за зацврстување и нега на кожа, затоа што е природен емолиент.
  • Скволен – претставува високоефективен емолиент и природен антиоксиданс. Со тек на време со негова редовна примена може да придонесе до намалување на борите, отстранување на лузни, до осветлување на пеги, флеки и останати хиперпигменатции, како и во борбата со слободните радикали и оштетувања од сончевите зраци. Ова масло е хидратантно, смирувачко, не-иритирачко и некомедогено. Соодветно е за сите типови на кожа.
  • Арганово масло – богато со есенцијални заситени киселини, витамин Е и сл. Нанесено на кожата, ја негува и помага во одржување на нејзината еластичност како и во намалувањето на борите и фините линии.
  • Масло од бразилски орев – се користи како емолиент во производи за нега на кожа, Има намена да ја смири и хидрира кожата.
  • Масло од шипка – се смета за анти-ејџинг состојка поради високата концентрација на витамин Ц и способноста да потттикне регенарација на кожата и еластичност.
  • Масло од сладок бадем – идеално за третирање на сува кожа, егзема и псоријаза. Заситените масни киселини помагаат во разбивање на прекумерно лачење на себум, е додека ретиноидите во маслото може да помогнат во намалување на појава на акни и да ја подобри регенерацијата на клетки.
  • Масло од сончоглед – одличен извор на Витамин Е, богато со хранливи состојки и антиоксиданси, ефективно во борба со кожни проблеми како акни, воспаленија, црвенила и други иритации на кожата. Допринесува до одржување на хидратација на кожата.
  • Масло од баобаб – богат извор на заситени масни киселини и витамини како флавоноиди, амино киселини и минерали кои што делуваат благопријатно на кожата. Помага во борбата против стареењето и ја намалува појавата на бори и стрии. Има висока концентрација на Витамин Ц со што помага во производство на колаген и ја подобрува еластичноста на кожата.
  • Витамин Е – помага во борба со слободните радикали и ја штити кожата од оштетување, помага во зацврсување на бариерата на кожата, делува против воспалително и ја смирува кожата.

Напомена: Сите погоре наведени примени се информации преземени и преведени од интернет страници. Ви го наведов конкретниот состав во текстот така да доколку сте заинтересирани слободно можете состојка по состојка да си истражите и да видите дали некоја состојка не би одговарала на вашиот тип на кожа или проблем со кој што се соочувате. Мојот тип на кожа е комбинирана, до сега немам забележано несакани ефекти од примената на ова масло.

До следен пост, останете во добро здравје и останете дома,

Ве сака,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top