Омилени подкасти за мотивација и личен развој | Blogmas day 11

Podcast post

Во еден од претходните мои блогмас постови ги споделив моите омилени апликации меѓу кои беше споделена и Podcast Player апликацијата. Логично по таа објава беше на едно место да ги споделам моите омилени подкасти како и подкасти коишто ги октрив неодамна и се дел од мојата плејлиста.

Зошто сакам да слушам подкасти?

  • Бесплатни се!
  • Можам да ги слушам каде сакам, кога сакам и на што сакам (се мисли на уред). Најчесто ги пуштам на мојот мобилен телефон додека ја правам мојата рутина за нега на кожа наутро и навечер, кога го приготвувам моето прво утринско кафе, кога го ранам Ведран, кога се шетам сама или пред спиење и сл.
  • Со нивна помош учам секој ден по нешто ново, зависи од темата којашто ја обработува подкастот и којашто ми е од интерес.
  • Многу често ми го подигнуваат расположението и ми ја даваат мотивацијата којашто ми била потребна дента
  • Епизодите на повеќето подкасти не се подолги од еден час, а има многу на коишто им траат и од 5 до 10 минути, па зависи од времето кое ми е достапно секогаш имам голем избор на паметно искористување на времето
  • Може да се симнат на апликациите и да се слушаат офлајн, па не зависам секогаш од интернет пристап

Апликации на коишто можете да слушате подкасти:

И сега да започнеме со одбројувањето.

The school of greatness podcast

The School of Greatness by Lewis Howes

Lewis е од оние типови на луѓе што прават се, од атлета, станува претприемач, автор на книги, говорник и подкастер. Има интервјуирано многу познати и успешни личности од различни сфери од животот. Целта на секоја епизода е преку примерите коишто ги пренесува од лично искуство и од искуство на своите гости, да извлечете тактики, идеи, поуки и мотив за тоа како можете да ја пронајдете големината во себе и да го направите вашиот живот исполнет и среќен. Начинот на којшто разговара со гостите ви прави да се чувствувате како да сте и вие со нив седнати на пијачка и разговарате на интересни теми коишто се дел од секојдневието на сите нас. Секој петок објавува 5-минутна епизода во којашто споделува вежби и техники за себе мотивација, подобро дишење, планирање, управување со време и сл. Има објавено над 1000 епизоди во коишто сум сигурна дека ќе најдете теми коишто ќе го задржат вашето внимание.

За линк до неговиот подкаст клик тука.

Една од омилените епизоди е интервјуто со Matthew McConaughey, за директен линк клик тука.

Jay shetty'

On Purpose by Jay Shetty

Можеби сте ги забележале инспиративните видеа коишто кружат на интернет од Jay Shetty, слична содржина има и неговиот подкаст. Разработува најразлични теми коишто се инспирани од секојдневниот живот, пријателства, љубовни врски, позитивна мисла, продуктивност. Има многу пријатен глас и често го слушам пред спиење затоа што смирува. Единствена мана ми е што има многу реклами за време на епизодите што знаат да бидат малку иритантни, но ако станува збор за тема којашто е од мој интерес ги занемарувам.

Директен линк до неговиот подкаст имате тука.

the-10-minute-entrepreneur-3000x3000

The 10 minute Entrepreneur

Овој подкаст е наменет за претприемачи и сопственици на мали бизниси. Во секоја епизода споделува кратки совети коишто треба да помогнат да постигнете успех во вашиот бизнис. Вообичаено епизодите не траат подолго од 10-тина минути така да се навистина лесни за следење. Покрива разни теми од тоа како да го таргетирате и пронајдете вашиот целен потрошувач, како да креирате совршено корисничко искуство, како да дојдете до профитабилна бизнис идеја, вештини коишто треба да ги развиете пред да станете успешен претприемач и сл.

Директен линк за подкаст тука.

the mike dillard show

The Mike Dillard Show

Ако сакате да научите како да инвестирате правилно, да создадете богатство, да ги подобрите вашите односи и вашето здравје од најдобрите експерти во светот, тогаш овој подкаст е за вас.

Директен линк до подкаст тука.

The habit coach

The Habit Coach with Ashdin Doctor

Ако ви треба поттик да направите клучни промени во вашиот живот овој подкаст може да го направи токму тоа. Во секоја епизода споделува различни совети и техники коишто ќе ви помогнат да воведете нови навики коишто ќе воведат позитивни промени во вашит живот. Покрива најразлични теми како исхрана, здравје, фитнес, сон, продуктивност и сл. Бонус плус е тоа што епизодите не траат подолго од 10 минути.

The producivityist podcast

The Productivityist Podcast by Mike Vardy

Овој подкаст дели совети, техники, тактики и трикови коишто се дизајнирани да ја воздигнат вашата продуктивност, управување со време, цели, to-do листи, навики и тек на работите на нови височини -  како дома така и на вашето работно место. Ако сакате да го посветите вашето време и напор на извршување на правилните активности, тогаш овој подкаст е за вас.

Линк до подкаст тука.

girl boss

Girlboss radio with Sophia Amoruso

Секоја недела се споделува нов разговор со успешни и инспиративни жени. Низ разговорите навлегуваат длабоко во суштината за тоа што се е потребно за да се изгради успешен бизнис и растечка кариера - додека ги живеат животите под свои услови и предизвици со коишто се соочува една жена. Очекувајте забавни, ранливи, корисни разговори коишто се смеат понекогаш на апсурдноста на животот. Домаќин на овој подкаст е Sophia Amoruso.

Tony Robbins

The Tony Robbins Podcast

"Зошто да живееш обичен живот, кога можеш да живееш извонреден живот?" Во овој подкаст Tony Robbins споделува докажани стратегии  и тактики за постигнување на одлични резултати во бизнисот, односите, здравјето и финансиите. Тука се објавуваат ексклузивни аудио сними, негови гостувања на настани како и интервјуа со големите умови на моменталното секојдневие.

The good life project

The Good Life Project podcast

Преку интервјуа коишто се базираат на теми коишто ќе ве поттикнат да размислувате за животот, овој подкаст ги споделува приказните на гостите каде што од нив се бара да споделат нефилтрирани искуства од нивниот живот и тактики за тоа како таквите искуства ги претвориле во моќни пораки за надеж и среќа.

Директен линк до подкаст тука.

Се надевам дека овој пост ви даде идеја за следен подкаст којшто ќе го ставите на вашата плејлиста.

Ве гушкам,

Бојана

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Scroll to top